Наводите против Расел Бренд се „многу сериозни и загрижувачки“, вели официјален Лондон

Даунинг стрит во понеделникот ги опиша обвинувањата на четири жени против британскиот комичар и актер Расел Бренд како „многу сериозни и загрижувачки“.

Четириесет исоумгодишниот Бренд е обвинет за силување, напад и емоционална злоупотреба во периодот меѓу 2006 и 2013 година, кога беше на врвот на својата слава работејќи за BBC, Channel 4 и глумејќи во холивудски филмови.

Бренд жестоко ги негира наводите, кои исто така вклучуваат тврдења за контролирачко, навредливо и предаторско однесување, и во видео објавено на интернет во петокот вечерта рече дека сите негови врски биле „со согласност“.

Портпаролот на британскиот премиер Риши Сунак изјави: „Ова се многу сериозни и загрижувачки наводи“. „Метрополитен полицијата побара од секој што верува дека бил жртва на сексуален напад да излезе и да разговара со полицајците“, додаде тој.

Во BBC, Channel 4 и Banijay UK, кои ја купија „Endemol“, компанијата нарачана од Channel 4 да ги произведува спин-оф емисиите „Big Brother“ коишто ги водеше Бренд, започнале истрага за однесувањето на Бренд уште додека работел на нивните програми.

Обвинувањата, детализирани во заедничката истрага на The Times, The Sunday Times и Dispatches на Channel 4, вклучуваат жена која вели дека била сексуално нападната за време на тримесечната врска со Бренд кога имала 16 години и сѐ уште одела на училиште. Друга жена, пак, вели дека била силувана во домот на Брандо во Лос Анџелес.

Бренд изјави дека се соочил со „серија исклучително нечуени и агресивни напади“. „Помеѓу оваа серија на зачудувачки, прилично барокни напади, има многу сериозни наводи кои јас апсолутно ги демантирам“, рече тој во видео изјавата.