
Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити именуваше нови медицински директори на Клиниката за дерматовенерологија и на Клиниката за кардиологија.
Тој, во моментот е докторанд на клиничка медицина, во областа дерматовенерологија, на Универзитет „Кирил и Методиј”, член на Здружението на дерматовенеролози на Македонија, како и член на Европската академија за дерматологија и венерологија.
Исто така, за нов медицински в.д. директор на Универзитетската клиника за кардиологија е назначен д-р Беким Поцеста, долгогодишен специјалист по кардиологија, кој од 2005 година е вработен на Клиниката за кардиологија на одделот за интензивно лекување, како и во службата за електрофизиологија и имплантација наелектростимулациски уреди.
Во 2019 година се стекнал со звање примариус, а има искуство и како директор на УК за кардиологија од јули 2017 до февруари 2018 година.