Водството на американската професионална кошаркарска НБА лига и Здружението на играчите се близу постигнување договор за намалување на минималната возраст на играчите кои смеат да се пријавата на драфтот од 19 на 18 година со што повторно би се отворила можноста за доаѓање во најсилната лига во светот директно од средните училишта.
Новото правило би почнало да важи од 2024 година.
Минималната возраст на кошаркарите кои смеат да се појават на драфтот беше зголемена од 18 на 19 години во 2005 година, по што сѐ поголем број играчи го прескокнуваа универзитетот што претходно беше главна препорака за настап во НБА лигата.
Вкупно 46 играчи влегле директно од средното училиште во НБА лигата, а меѓу кои најпознати се Леброн Џејмс во 2003, Коби Брајант во 1996, Кевин Гарнет во 1995, Двајт Хауард во 2004 и Трејси Мекреди во 1997 година.