
Кошаркарите на Феникс Санс пред своите гледачи ги совлада Милвоки Бакс со 114:106 и на тој начин го нанесоа четвртиот пораз во петте натпревари кои ги одиграа под водство на новиот тренер Док Риверс.
Девин Букер, Кевин Дурент и Бредли Бил постигнаа 85 од 114-те поени на домашниот тим. Санс ги предводеше Букер со 32 поени, Дурент комбинираше 28 поени и 10 скока, а Бил го заврши натпреварот со 25 поени, 10 скока и три украдени топки за 16-та победа на Феникс во последните 22 натпревари.
Ослабените Бакс беа конкурентни до средината на натпреварот, а потоа споменатата тројка на Санс ги „прегази“ во вториот дел. Со 34 поени, 10 скока и шест асистенции, Јанис Адетокумбо беше најдобар кај Бакс, кои во мечот влегоа без повредениот Демијан Лилард, а во текот на првата четвртина го загубија и Крис Мидлтон, кој го повреди левиот зглоб.
Бакс (33-18) паднаа на третото место во Источната конференција, а Санс (30-21) се искачија на шестото место на Западот.
Точно една година откако си замина од Бруклин во Далас во размената на играчи, Кајри Ирвинг се врати во „Баркли центарот“ и со 36 поени им помогна на Маверикс да ги совладаат домашните Нетс со 119:107. Најдобар играч на Далас на овој меч беше Лука Дончиќ, кој мечот го заврши со 35 поени, 18 скока и девет асистенции. Далас (28-23) е осми на Западот.
Микал Бриџис со 28 поени беше најдобар играч на Нетси (20-30), кои на последните 27 натпревари остварија само седум победи и падна на 11. место во Источната конференција.
Иако синоќа не беа активни, Лос Анџелес Клиперс (34-15) се искачија на првото место во Западната конференција благодарение на поразите од Минесота (35-16) и Оклахома Сити (35-16).
Тимбервулфс беа поразени по продолжението против Чикаго, а домашните Булс победија со 129:123, иако на почетокот на третата четвртина заостануваа со 23 поени разлика. Најголеми заслуги за пресвртот имаат Коби Вајт и Демар Дерозан, кои постигнаа 51 од своите 66 поени во второто полувреме и продолжението.
Регуларниот дел од натпреварот заврши со резултат 115:115, а Дерозан промаши шут од работ на рекетот со звукот на сирената за победа. Сепак, тој се поправи во дополнителните пет минути, во кои постигна 10 од 14-те поени на Булс. Дерозан и Вајт завршија со по 33 поени. Никола Вучевиќ постигна 24 поени, а Андре Драмонд 16 поени, 16 скока и четири блокади.
Ентони Едвардс ги предводеше Тимбервулфс во поразот со 38 поени и 12 скока. Карл Ентони Таунс постигна 33 поени, а Руди Гоберт забележа 12 поени и 16 скока.
Кошаркарите на Јута Џез на домашен терен ги совладаа Оклахома Сити Тандер со 124:117. Лаури Марканен беше најдобар кај победниците со 33 поени и 11 скока, а најдобриот фински кошаркар го иницираше пресвртот на Џезерите во третата четвртина, во која гостите имаа 12 поени предност. Марканен погоди „тројка“ на 43 секунди до крајот за 122:115 и ја запечати победата на својот тим. Џон Колинс постигна 22 поени со девет скока за Џезерите, а Кејонте Џорџ беше предводник на тројца играчи од клупата двоцифрени со 16 поени.
Шаи Гилџеус-Александер ги предводеше Оклахома Сити Тандер со 28 поени и седум асистенции. Џејлен Вилијамс постигна 26 поени, а Чет Холмгрен 22 поени, осум скока и четири блокади.
Возбудлива завршница во Индијанаполис одиграа Пејсерс и Хјустон Рокетс, а домашниот тим на крајот победи со 132:129. Рокетс имаа 10 поени предност на почетокот на третата четвртина, но до крајот на таа делница Пејсерси започнаа пресврт што им донесе предност од 14 поени (118:104) во петтата минута од последниот период Рокетс усепаја да стигнат до минус 3 (130:127) на 46 секунди до крајот, но во следниот напад Тајрис Халибартон реализираше „лејап“ за 132:127 со што ја запечати победата.
Паскал Сијакам беше најдобар стрелец кај Пејсерс со 29 поени. Мајлс Тарнер додаде 21 поен, а Тајрис Халибартон постигна 18 поени и седум асистенции. Џејлен Грин беше најдобар стрелец кај Хјустон со 30 поени. Дилон Брукс постигна 23 поени, а Џабари Смит Јуниор по 20. и Алперен Сенгун.
Ослабените Мемфис Гризлис, кои во Њујорк допатуваа без десет играчи од првиот тим, не можеа да ум пружат отпор на домашните Никс кои победија со 123:113. Донте ДиВинченцо беше најдобар стрелец кај победничката екипа со 32 поени. Џејлен Брунсон додаде 27 поени и осум асистенции пред да биде принуден да излезе од игра во четвртата четвртина поради повреда на тетивата. Пресиуз Ачиува и Исаја Хартенштајн постигнаа по 17 поени.
Винс Вилијамс Џуниор ги предводеше стрелците на Мемфис со 19 поени во шестиот последователен пораз на тимот. Џеј Џексон додаде 16 поени, а Дејвид Роди 15.
Најубедливата победа на вечерта ја остварија Мајами Хит совладувајќи ги Орландо Меџик со 121:95 во дербито на Флорида. Џими Батлер беше најдобриот играч на Мајами со 23 поени, осум скока и осум асистенции. Тери Розиер постигна 18 поени со седум асистенции и шест скока. Тајлер Херо и Бам Адебајо постигнаа по 14 поени.
Паоло Банкеро постигна 23 поени со девет скока и седум асистенции за Меџик. Мајами оваа сезона победи на три од четири натпревари со Орландо.