НБА: Бруклин Нетс на чекор до финалето на Истокот, со историско остварување на Дјурант

Кошаркарите на Бруклин Нетс на свој терен ноќта кон средата со 114:108 ги совладаа Милвоки Бакс во петтиот натпревар од полуфиналето во Источната конференција на НБА лигата и поведоа со 3-2 во серијата до четири победи.

Нетс успеаја да го надоместат заостанувањето од 17 коша, кое го имаа кон средината на третата четвртина.

Главен играч на дуелот беше Кевин Дјурант кој постигна 49 коша со 17 скокови и 10 асистенции и така стана првиот играч во историјата на НБА лигата кој на еден натрпевар постигнал 45 или повеќе коша а покрај тоа имал најмалку 15 скокови и 10 асистенции.

Дјурант на паркетот ги мина сите 48 минути, а од игра погоди 16 од 23 обиди.

Шестиот натпревар од оваа серија ќе се игра ноќта кон петокот, во 2,30 часот по средноевропско време, а домаќин ќе биде Милвоки.