Синоќа во НБА лигата се одигра само еден натпревар, на кој Чикаго во Јунајтед центарот славеше против Кливленд со 113:98.
Дерек Роус беше предводникот на “биковите” кои стигнаа до својата 34-та победа сезонава, откако со 30 поени и 7 скока беше најдобар поединец во својот тим. Одлични беа и високите играчи во редовите на домаќините, По Гасол и Жоаким Ноа кои постигнаа 18 поени и 10 скокови, односно 10 поени и 15 скокови.
Кај Кливленд, Леброн Џејмс заврши со 31 поени и пет скока, Кајри Ирвин дополни 17 поени, а Тимофеј Мозгов дуелот го заврши со 13 поени и 11 скока.
Ова беше и последен натпревар кој се одигра пред одржувањето на годинешниот “Олстар” хепенинг во Њујорк.