![baks](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/11/baks.jpg?resize=696%2C464&ssl=1)
Кошаркарите Детроит Пистонс ја впишаа само третата победа сезонава, откако ноќта кон вторникот во својата „Литл Каесар Арена“ ги победија Оклахома Сити Тандерс со 112:103.
Пистонс сега имаат сооднос меѓу победи и порази 3-3 на домашен паркет, додека на гостувањата впишаа пет порази. И на овој меч беа пред пораз, особено по првото полувреме кое го загубија со 48:63. Меѓутоа, во продолжението од мечот играчите на Детроит заиграа и тој дел го добија со 64:40.
Садик Беј со 25 коша беше најдобар стрелец кај победниците, а Чад Канингам додаде 21 кош, 11 скокови и 7 асистенции, Џејден Ајви 15 поени и 11 скокови.
Шеј Гилџес-Александер постигна 33 коша за Тандерс, додека Мајк Мускала и Кенрич Вилијамс додадоа по 11 коша во шестиот пораз на Оклахома оваа сезона со четири победи.
Успешни беа и Лос Анџелес Клиперс кои во својата „Крипто ком Арена“ со 119:117 ги победија Кливленд Кавалирс, пркинувајќи им ја серијата од осум победи.
Кливленд водеше 112:100, но Клиперс возвратија со серија 15:0 при што Кавалирс промашија седум шута и загубија три топки. Домашните на 37 секунди пред крајот поведоа со 115:112, Ивен Мобли на осим секунди до крајот намали на 114:115, а домаќини со поените на Маркус Морис и Реџи Џексон го пресврти мечот.
Пол Џорџ ги предводеше Клиперс со 26 коша, Морис постигна 20 поени со 6 скокови, Џексон впиша 18 коша со 7 асистенции. Кливленд ги предводеше Донован Мичел со 30 коша од кои 8 „тројки“ од 11 обиди. ИвенМобли додаде 26 коша со 8 скокови, додека Џарет Ален имаше дури 20 скокови со 10 коша.
За Клиперс тоа беше шестата победа со пет порази, додека Кавалирс имаа сооднос 8-2.
Филаделфија 86ерс предводена од одличниот Џоел Ембид, кој оствари со 33 коша и 10 скокови, ги победи Феникс Санс со 100:88. Покрај Ембид одлични беа и Тобијас Харис со 21 кош, 8 скокови и 6 асистенции, и Нианг кој оствари 7 „тројки“ од 10 обиди. Кај Санс се истакна Девин Букер со 28 коша 7 скокови и 5 асистенции.
Лука Дончич во победата на Далас Маверикс против Бруклин Нетс од 96:94 деветти пат во низа ја мина границата од 30 поени на еден натпревар. Се запре на 36 коша, со по 6 асистенции и скокови. За Далас, со сооднос од 6-3, ова беше четвртата победа во низа.
За 26-годишнит словенечки репрезентативец ова е второто најдолго такво остварување во историјата на НБА лигата. Оваа листа ја предводи легендарниот Вил Чемберлен, кој тоа го остварил 23 пати во сезоната 1962.63.
РЕЗУЛТАТИ:
Шарлот – Вашингтон 100:108
Орландо – Хјустон 127:134
Детроит – Оклахома Сити 127:103
Индијана – Њу Орлеанс 129:122
Филаделфија – Феникс 100:88
Атланта – Милвоки 117:98
Мајами – Портланд 107:110
Чикаго – Торонто 111:97
Мемфис – Бостон 106:109
Минесота – Њујорк 107:120
Сан Антонио – Денвер 109:115
Далас – Бруклин 96:94
Голден Стејт – Сакраменто 116:113
Јута – ЛА Лејкерс 139:116
ЛА Клиперс – Кливленд 119:117
ТАБЕЛИ
ИСТОЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА
Атлантска дивизија
1. Бостон Селтикс 7 3 ,700 —
2. Торонто Репторс 6 5 .545 1 1/2
3. Њујорк Никс 5 5 .500 2
4. Филаделфија 76ерс 5 6 .455 2 1/2
5. Бруклин Нетс 4 7 .364 3 1/2
Централна дивизија
1. Милвоки Бакс 9 1 ,900 —
2. Кливленд Кавалирс 8 2 .800 1
3. Чикаго Булс 6 6 .500 4
3. Индијана Пејсерс 5 5 .500 4
5. Детроит Пистонс 3 8 .273 6 1/2
Југоисточна дивизија
1. Атланта Хокс 7 3 ,700 —
2. Вашингтон Визардс 5 6 .455 2 1/2
3. Мајами Хит 4 7 .364 3 1/2
4. Шарлот Хорнетс 3 8 .273 4 1/2
5. Орландо Меџик 2 9 .182 5 1/2
ЗАПАДНА КОНФЕРЕНЦИЈА
Пацифичка дивизија
1. Феникс Санс 7 3 .700 —
2. Лос Анџелес Клиперс 6 5 .545 1 1/2
3. Голден Стејт Вориорс 4 7 .364 3 1/2
4. Сакраменто Кингс 3 6 .333 3 1/2
5. Лос Анџелес Лејкерс 2 8 .200 5
Југозападна дивизија
1. Далас Маверикс 6 3 .667 —
2. Мемфис Гризлис 7 4 .636 —
3. Њу Орлеанс Пеликанс 5 5 .500 1 1/2
4. Сан Антонио Спарс 5 6 .455 2
5. Хјустон Рокетс 2 9 .182 5
Северозападна дивизија
1. Јута Џез 9 3 .750 —
2. Портланд Трејл Блејзерс 7 3 .700 1
2. Денвер Нагетс 7 3 .700 1
4. Минесота Тимбервулвс 5 6 .455 3 1/2
5. Оклахома Сити Тандер 4 6 .400 4