Кошаркарите на Денвер Нагетс ќе играат во полуфиналето од Западната конференција, откако ноќта кон средата ги совладаа Јута Џез со 80:78 во седмиот натпревар во серијата до четори победи од првото коло во НБА плејофот.
Никола Јокиќ впиша нов „дабл-дабл“ ефект, односно 30 поени и 14 скокови е најзаслужниот за победата на Нагетс кои со вкупни 4-3 одат понатаму.
Денвер е само 12-от тим во историјата на НБА кој успеал да се врати по водство на противникот со 3-1 во победи.
Последен тим кој направил пресврт по 1-3, беше Кливленд кој во сезоната 2015/16 во финалето го победи Голден Стејт.
Противник на Денвер во следната рунда ќе биде тимот на Лос Анџелес Клиперс.
Во полуфиналето на Исток се одигра вториот меч од серијата меѓу Бостон и Торонто. Победа забележаа Селтикс со 102:99, па сега актуелниот шампион Торонто се наоѓа во негатива од 0-2 во серијата прв до четири.