НБА доигрување: Филаделфија и Сакраменто го удвоија водството

Филаделфија 76ерс и Сакраменто Кингс победија и во вторите дуели на домашен паркет во првото коло од доигрувањето во НБА лигата, па водат со 2-0 во серијата до четири победи. Сиксерси ги победија Бруклин Нетс со 96:84, додека Кингс го совлада бранителте на титулата Голден Стејт Вориорс со 114:106.

Нетс го загубија и шестиот последователен натпревар против Сиксерс во плеј-офот. Тајрис Макси ја предводеше Филаделфија до втората победа со 33 поени, а МВП-то на регуларниот дел од сезоната Џоел Ембиид имаше „дабл-дабл“ учинок, со 20 поени, 19 скока, седум асистенции и три блокади. Макси погоди шест „тројки“ и ги задржа домашните во игра со 15 поени во првото полувреме.

Домашните веќе водеа со десет разлика во втората четвртина, но гостите на паузата заминаа со пет разлика. По нерешените 55:55, Сиксерси ја добија третата четвртина со десет поени, а четвртата со седум поени предност и го решија натпреварот.

Домаќин на третиот натпревар ќе биде Нетс во петок навечер во Њујорк, за кои Кем Џонсон овојпат постигна 28 поени.

Вориорс, исто така, ќе бидат домаќини на третиот натпревар, откако заостануваат со 0-2 против Кингс. По трите титули во 1947, 1956 и 1975 година, Вориорс освоија четири во последните седум години (2015, 2017, 2018 и 2022 година), но се чини дека овојпат нема да освојат две со ред. Сакраменто стана првиот тим кој поведе со 2-0 против Вориорс во ерата на Стивен Кари. Кари овојпат ги предводеше „воините“ во нападот и беше водечки стрелец на натпреварот со 28 поени, но постигна само три од 13-те обиди за „тројки“. Покрај тоа, Вориорс загубија 22 топки.

Меќот беше решен во втората четвртина која домашните ја добија со 41:29. Кај „кралевите“ Де’Арон Фокс постигна 24 поени со девет асистенции, Домантас Сабонис имаше 24 поени со девет скока. Ендрју Вигинс со 22 поени и Клеј Томпсон со 21 му помогнаа на Кари, додека Дрејмонд Грин со удар во градите направи сериозна лична грешка над Литванецот Сабонис и беше исклучен на седум минути пред крајот. Навивачите на „Кралевите“ го навредуваа додека го напушташе теренот, а тој им одмавна и ставајќи ја раката до увото за да им порача да бидат погласни.

Третиот натпревар е закажан за ноќта меѓу четврток и петок во Сан Франциско.