НБА: Џејмс Харден – Голден Стејт 1:3

Феноменалниот Џејмс Харден со симултанка го остави во живот својот тим, нанесувајќи му го првиот пораз на Голден Стејт во меѓусебните дуели.

Хјустон победи со 128:115 за намалување на водството на “воините” на 3:1, а Харден уфрли 45 поени, надополнети со 9 скока и 5 асистенции.

Серијата сега се враќа во Оукленд, каде домашниот тим ќе ја има првата меч топка за големото НБА финале.

Во Источната конференција, Кливленд престојнава ноќ ќе имаат можност на домашен терен да дојдат и до четвртата победа против Атланта и да обезбедат место во финалната серија која почнува на 5-ти јуни.