
Синоќешните натпревари во НБА лигата беа обележани со спектакуларната партија на плејот на Кливленд Кавалирс, Кајри Ирвинг кој постигна 55 поени во победата против Портланд Трејлблејзерс.
“Кавси” славеа со 99:94, а повеќе од половината поени беа дело на феноменалниот Ирвинг, кој во отсуство на првата ѕвезда во тимот, Леброн Џејмс, речиси сам го победи моќниот тим на Портланд.
Ирвинг подобри и два рекорди – својот личен за најмногу постигнати поени на еден натпревар (претходниот негов рекорд беше 44 поени против Шарлот) и најмногу поени што еден играч ги постигнал сезонава.
Во поразениот тим одлична партија пружи Ламаркус Олдриџ кој забележа 38 поени и 11 скокови.
НБА Резултати:
Атланта – Бруклин 113:102
Њу Орлеанс – Денвер 85:93
Минесота – Бостон 110:98
Хјустон – Далас 99:94
Њујорк – Оклахома 100:92
Кливленд – Портланд 99:94
Филаделфија – Детроит 89:69
Сан Антонио – Шарлот 95:86
Јута – ЛА Клиперс 89:94
Феникс – Вашингтон 106:98