![sans](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/05/sans.jpeg?resize=696%2C464&ssl=1)
Кошаркарите на Феникс Санс на својот паркет ноќта кон понеделникот ги совладаа Лос Анџелес Лејкерс со 99:90 во првиот меч од серијата до четири победи во првиот круг од плејофот во Западната конференција.
Лејкерс водеа само на почетокот од натпреварот и одржуваа мала предност до половината на првата четвртина. Феникс, откако првпат дојде до предност, до крајот веќе не го испушти водството а најголемата разлика од „плус 16“ Санс ја остварија на почетокот од последната делница.
Најдобар играч на мечот беше Девин Букер со 34 коша, 8 асистенции и 7 скокови, а одлично му асистираше Деандре Ентони со 21 поен со само едно промашување од игра и со 16 скокови. По десет кошеви за Санс додадоа Микал Бриџес и Камерон Џонсон.
Леброн Џејмс со 18 коша, 10 асистенции и 7 скокови беше најдобар во редовите на актуелните прваци. За Лејкерс 14 поени додаде Денис Шредер, а Ентони Дејвис постигна 13 коша со 7 скокови и 3 блокади. Андред Драмонд дуелот го заврши со 12 поени и 9 скокови.
Вториот натпревар на распоредот е ноќта кон средата во 4 часот по средноевропско време, а повторно ќе се игра во „Феникс Санс Арена“.