НБА финале: Бостон поведе со 3-0 и е на чекор до рекордната титула

Кошаркарите на Бостон Селтикс поведоа со 3-0 во победи во серијата против Далас Маверикс во големото финале на НБА лигата, а до освојување на шампионската титула се на само еден успех откако го добија драматичниот трет натпревар како гости со 106:99.

Одличниот тандем Џејсон Тејтум и Џејлен Браун ги предводеше Селтикс до веројатно клучната победа, Тејтум постигна 31 а Браун 30 поени, додека Браун имаше по осум скока и асистенции, а Тејтум шест скока и пет асистенции. Кај домашните Мавс главната улога ја имаше нивното најдобро дуо, Кајри Ирвинг постигна 35 поени а Лука Дончиќ додаде 27 со по шест скока и асистенции, но Словенецот мораше да ги гледа последните 4:12 минути од мечот од клупата. поради шест лични грешки.

Домашните одлично го отворија натпреварот, поведоа со 25:12 на средината од првата четвртина со по девет поени на Дончиќ и Ирвинг. Сепак, кога двајцата застанаа, Бостон веднаш ја искористи шансата и се доближи на 31:30 до крајот од првото полувреме. На полувремето и Далас имаше минимална предност од 51:50, иако и Ирвинг и Дончиќ беа одлични, Ирвинг постигна 20 поени, а Дончиќ 17 поени пред паузата. Од друга страна, Тејтум, кој постигна 20 коша, беше убедливо најдобриот играч во тимот на Селтикс во првото полувреме.

Браун се „разбуди“ во вториот дел откако постигна само шест поени во првите две четвртини, а Бостон благодарение на неговите кошеви кон средината на третата четвртина тргна во серија од 13:2 и поведе со 71:61. Откако Далас малку се стабилизираше, кон крајот на третата и почетокот на четвртата четвртина, следуваше нова серија на Селтикс, кои по нешто повеќе од една минута игра во завршниот дел имаа големи 21 разлика (91:70). Се чинеше дека натпреварот е решен, но така не мислеа домаќините, кои за само пет минути направија серија 20: 2 и заостануваа само три коша. Со овој резултат Далас имаше три напада за уште повеќе да се доближи, но не ги искористи, а потоа се случи можеби клучниот момент на дуелот.

Имено, Браун почна да дрибла на врвот од рекетот, на патот му се најде Дончиќ, се судрија а судиите досудија прекршок на словенечката суперѕвезда. Тоа беше исклучување на шестиот фаул на Дончиќ, судиите не ја променија одлуката ниту по прегледувањето на снимката, па домашните мораа да го играат финалето без својот најдобар играч.

Далас и без Дончиќ успеа да намали на 93:92 и беше во игра до последната минута. Сепак, кога Селтикс поводоа со 102: 98, Вашингтон најпрвин промаши отворена „тројка“ на 48 секунди до крајот, а по невнимателно загубената топка на Хорфорд, нова можност имаше и Ирвинг да го врати својот тим со „тројка“, но не беше прецизен ниту неговиот удар на 25 секунди пред истекот на времето. По тие промашувања, Селтикс ја потврдија победата со сугирното изведување на слободните фрлања.

Во ноќта од петок кон сабота повторно ќе се игра четвртиот натпревар во Далас, а Бостон на тој меч ќе ја има првата шанса да ја освои титулата. Тоа би било рекордно 18-то освоено првенство за Селтикс.

Од друга страна, за да ја освои втората титула во историјата на клубот, Далас би морал да го направи она што ниту еден тим од НБА досега не го сторил, а тоа е да ја врати негативата од 0-3 во победи. Досега се случило 156 пати една екипа да поведе со 3-0 и сите 156 пати таа екипа ја освоила титулата.