НБА го казни Џоел Ембиид

НБА лигата го казни центарот на Филаделфија 76ерс, Џоел Ембиид со 75.000 долари поради непримерни гестови кон публиката во Бостон за време на натпреварот против Селтикс на Божик.

Оваа сезона не започна добро за Ембиид, кој играше само на девет од 28-те натпревари на Филаделфија. Тој пропушти неколку натпревари поради повреди на коленото и лицето и беше суспендиран на три натпревара на почетокот на сезоната, откако турна новинар во соблекувалната по натпревар.

Сиксерс ги победија Селтикс со 118:114 во средата со што го подобрија својот скор на 8-3 во последните 11 натпревари. Ембиид постигна 27 поени со девет скока за Филаделфија. Поранешниот МВП на лигата оваа сезона има просек од 21,3 поени, 7,0 скока и 3,9 асистенции по натпревар.