НБА го одложи дуелот меѓу Репторс и Булс поради коронавирусот

Натпреварот меѓу Торонто Репторс и Чикаго Булс кој требаше да се одигра во Тампа ноќта кон понеделникот по македонско време, е одложен поради неколкуте заразени играчи во редовите на Репторс, соопшти НБА лигата.

Водството на најсилната кошаркарска лига на светот наведе дека ситуацијата во тимот на Торонто се „влошува“ поради заразените со коронавирусот, но не го наведе бројот на играчите кои биле позитивни на последното тестирање.

Поради почитувањата на правилаа за следење на лицата со кои заразените биле во контакт, Торонто ги нема неопходните осум играчи на располагање, поради што е одложен и натпреварот.

Репторс на претходниот меч настапи без тренерот Ниок Нирс, игачот Паскал Сиекам и петмина челнови на стручниот штаб, па тимот до победата над Хјустон Рокетс го водеше помошниот тренер Серо Скариоло.

Дуелот меѓу Рапторс и Бул се 30-от натпревар оваа сезона во НБА лигата кој е одложен поради зарази со коронавирусот.