НБА го продолжува плеј-офот во сабота, стотина вработени во штрајк

Раководството на НБА лигата и синдикатот на играчите (NBPA) објавија во петокот дека доигрувањето ќе продолжи во сабота по трите дена бојкот, кои на тој начин протистираа против расната неправда во американското општество.

„Имавме искрен, емотивен и продуктивен разговор меѓу играчите, тренерите и сопствениците на екипите во врска со следната етапа а со цел да се продлабочат нашите колективни напори и нашето делување во остварувањето социјална правда и расната нееднаквост. Меѓу другото, учесниците во разговорите беа и претставници на играчите и на 13-те екипи кои се наоѓаат во Орландо. Сите страни се согласија догрувањето да продолжи во сабота 29-ти август“, се наведува во соопштението објавено по средбата.

Истовремено објавено е дека стотина вработени во НБА одлучиле да штрајкуваат во петокот во името на борбата против расната неправда следејќи го примерот на играчите, а тој потег го поддржа и комесарот на северноамериканската кошаркарска лига, Адам Силвер.

„Веруваме дека НБА, нејзините челници, административниот совет кој ги опфаќа сопствениците на франшизите имаат средства да сторат повеќе за директната борба против полициската бруталност и системскиот расизам во оваа земја“, напишаа штрајкувачите во писмото до Силвер и неговиот помошник Марк Тејтам.

„Слушнав неколкумина од вас и ги разбирам болката, гневот и фрустрацијата кои ги чувствуваат некои од вас во овој момент. Тоа се извонредно тешки моменти, особено за оние кои се во нашиот кампус во Орландо (за НВА) и во Бредонтон (за ВНБА), далеку од своите семејства и пријатели“, им одговори Силвер во пораката објавена на веб-страницата на лигата.

„Со сето свое срце ги поддржувам играчите во НБА и играчките во ВНБА и нивната борба на светлото на денот да ги изнесат проблемите на социјалната неправда. Разбирам дека некои од вас сметаат дека лигата требало повеќе да стори. Ве слушам и знајте дека сум концентриран и лигата и јас да придонесеме за вистинска промена во нашата организација и во заедниците ширум земјата“, додава Силвер.