Кошаркарите на Феникс Санс беа на најдобар пат да ја прекина серијата од седум последователни порази, но во последниет седум минути на гостувањето во Сан Франциско успеаја предноста од 10 поени да ја претворат во пораз од 9 коша (96:105).
Санс на гостувањето кај Голден Стејт поголем дел од мечот беше во водство, а нивната најголема предност изнесуваше 13 коша на почетокот од второто полувреме. Но гостите изгубија дури 27 топки, од кои седум Рики Рубио а осум Девин Букер, кој пак беше единствениот расположен во нападот кај Санс, но неговите 34 коша не беа доволни за прекин на негативната серија во која дојдоа до осумиот последователн пораз.
Кај актуелниот вицешампион, пак, ситуацијата е спротивна, бидејќи дојдоа до четвртата последователна победа во сезоната која им е одбележана со порази на главните играчи кои седат на трибините. Данџело Расел постигна 31 кош со 6 асистенции, Демион Ли 16 поени со 8 скокови, а 13 коша даде ветеранот Алек Брукс.
Три од синоќешните дуели во НБА беа решени во последните секунди. Оклахома Сити до победата во Шарлот од 104:102 дојде во дополнителните пет минути. Мечот во продолжение го одведе домашниот плеј Девонте Греам со кошто на 1,9 секунди пред крајот. Сепак, Тандерс во продолжението дојде до победата, иако Хорнетс имаа можност за уште едно продолжение, но Пи Џеј Вашингтон не реализираше две слободни фрлања со кои можеше да израмни.
Шаи Гилгеус- Александер со 27 коша повторно беше најдобар кај Тандерс. Денис Шредер додаде 24 поени, а Крис Пол со 16 коша имаше и 7 скокови и 6 асистенцвии. Тиери Розиер со 26 поени ги предводеше стрелците кај Хорнетс.
Решавачкиот кош во дуелот меѓу Мајами и Индијана, во која Хитс славеа со 113:112, го постигна словенечкиот репрезентативец Горан Драгич носејќи му ја на својот тим 23-та победа сезонава. Во последниот напад Бам Адебајо со скок во нападот ја освои топката која ја проследи до Драгич кој од позиција за „тројка“ се приближи за метар-два до кошот и погоди за конечниот резултат. Гостите имаа 6,8 секунду до крајот, но положувањето на Аарон Холидеј за победа беше непрецизно.
Драгуч дуелот го заврши со 14 коша и 6 асистенции. Џими Батлер постигна 20 коша со 9 скокови, а по 18 поени постигнаа Данкан Робинс и Бам Адебајо, кои имаше и 15 скокови и 6 асистенции. Седум играчи на Индијана имаа двоцифрен ефект а ги предводеше Аарон Холидеј со 17 коша, додека по 16 постигнаа Ти Џеј Ворен и Џереми Ламб.
Орландо Меџикс ја победи Филаделфија 76ерс со 98:97, но домашната екипа за малку ќе го испуштеше водството од шест поеини (97:91) во последните 30 секунди во кои Џоел Ембиид постигна две „тројки“ и од тешка ситуација не ја погоди третата за победа, со звукот на сирената.
Домашните ги водеше Еван Фурние со 20 коша, а Аарон Гордон додае 19 поени со 11 скокови. Никола Вучевиќ постигна 16 коша, 12 скокови и 7 асистенции, а Теренс Роуз постигна 17 поени. Џоел Ембид и Тобиас Харис со по 24 коша и 11 скокови беа најдобри кај Филаделфија.
Бостон Селтикс како домаќини ги совладаа Кливленд Кавалирс со 129:117 доаѓајќи до петтата победа по ред, Селтикс ги предводеа Џејлен Браун со 34 и Џејсон Тејтам со 30 поени. Кај Кливленд најдобри беа Кевин ЛАв со 30 и9 Колин Секстон со 21 поен.
Водечката екипа во НБА, Милвоки Бакс со сооднос 28-5, славеше кај Аталанта Хоукс со 112:86, иако нивниот најдобар играч Јанис Антетикумпо го пропушти мечот поради болки во грбот. Но неговиот помлад брад Танасис доми седум минути во кој постигна четири коша.
Стрелците на Бакс ги предводеше Крис Мидлтон со 23 поена, 8 скоковои и 7 асистенции. Брик Лопез додаде 19, а Ерсан Иљасова 18 коша со 17 скокови. Гостите пред крајот на полувремето останаа без најдобриот играч Треј Јанг кој го повреди десниот скочен зглоб, па најдобар ефект имаше Ален Кртејб со 20 поени.