НБА: Харден до личен рекорд, Одалипо изнесен на носилки

Кошаркарите на Хјустон Рокетс забележаа тешка победа на гостувањето кај Њујорк Никс, во неизвесен дуел а до победата ги донесе Џејмс Харден со „дабл-дабл“ остварување од личен рекорд од 61 поен и 15 скока.

Индијаната Пејсерс пред своите навивачи го победи Торонто Репторс со 110:106 и привремено го симна од првото место од источната конференција на НБА лигата. Но лиша вест за Пејсерс е повредата на коленото на Виктор Одалипо, кој на носилки беше изнесен од теренот во 20 минута од мечќот, по сериозната повреда на десното колено.

Бостон Селтикс на својот паркет беа подобри со 123:103 од Кливленд Кавалирс.

РЕЗУЛТАТИ

Индијана – Торонто 110:106

Бостон – Кливленд 123:103

Филаделфија – Сан Антонио 122:120

Бруклин – Орландо 114:110

Мајами – Лос Анџелес Клиперс 99:111

Чикаго – Атланта 101:121

Мемфис – Шарлот 107:118

Њу Орлеанс – Детроит 94:98

 

ТАБЕЛИ

ИСТОЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА

Атлантска дивизија

1. Торонто 36 14
2. Филаделфија 32 17
3. Бостон 30 18
4. Бруклин 26 23
5. Њујорк 10 36

Централна дивизија

1. Милвоки 34 12
2. Индијана 32 15
3. Детроит 21 26
4. Чикаго 11 37
5. Кливленд 9 40

Југоисточна дивизија

1. Шарлот 23 24
2. Мајами 22 24
3. Вашингтон 20 26
4. Орландо 20 28
5. Атланта 15 32

 

ЗАПАДНА КОНФЕРЕНЦИЈА

Северозападна дивизија

1. Денвер 31 15
2. Оклахома Сити 29 18
3. Портланд 29 20
4. Јута 27 22
5. Минесота 23 24

Пацифичка дивизија

1. Голден Стејт 33 14
2. ЛА Клиперс 26 22
3. ЛА Лејкерс 25 23
4. Сакраменто 24 24
5. Феникс 11 38

Југозападна дивизија

1. Хјустон 27 20
2. Сан Антонио 27 22
3. Њу Орлеанс 22 26
4. Далас 21 26
5. Мемфис 19 29