НБА: Харден се повреди против Рокетс, Драмонд дебитираше за Лејкерс

Џејмс Харден се повреди во третата четвртина од дуелот меѓу неговиот сегашен тим Брукни Нетс и неговиот поранешен клуб Хјустон Рокетс кој го Нетс го завршија со победа 120:108 и со теа го преземаа водечкото место на табелата на Источната конференција во НБА лигата.

Еден од најдобрите стрелци во НБА, почувствувал затегнување во бутниот мускул и го напушти паркетот на 4,48 минути пред истекот на третата четвртина дотогаш постигнувајќи 17 коша со 8 скокови и 6 асистенции. Според првичните информации, се чини дека повредата на Харден не е сериозна, и дека не би требало подолго да отсуствува од терените.

Нетс до победата дојдоа со пресвртот во последната четвртина, откако во првата заостануваа и 18 поени. Клучен играч за пресвртот беше Кајри Ирвинг кој постигна 31 кош и подели 12 асистенции. Џо Харис 14 од своите 28 поени постигна во последната четвртина, а вкупно погоди 7 „тројки“. Кај Репторс најдобри беа Кевин Портнер џуниор со 20 коша и Дануел Харис џуниор со 18 поени.

 

Поранешниот центар на Детроит Пистонс и Кливленд Кавалирс, Андре Драмонд, дебитираше во дресот на актуелните шампиони Лос Анџелес Лејкерс. Но своето деби нема да го памети по добро, зашто Лејкер во својот „Стејплес Центар“ се поразени од Милвоки Бакс со 97:112. Драмонд на паркетот мина 14 минута и постигна четири коша, пред да излезе од игра поради повреда на ножниот палец.

Најдобар стрелец кај Бакс и на мечот беше Џру Холидеј со 28 коша, со 8 скокови и 6 асистенции. Јанис Адетонкумпо додде 25 поени со 10 скокови, а Крис Мидлтон додаде 17 коша и 8 асистенции. Монтрезл Харел со 19 поени беше најдобар кај Лејкерс.

Лејкерс со сооднос меѓу победи и порази од 30-18 е на четвртото место во Западната конференција, но опасено се загрозени од Денвер со 29-18 и Портланд 29-18.

 

Портланд Трејл Блејзер до 29-та победа во сеозната дојдоа со резултат од 124:101 на гостувањето кај Детроит Пистонс. Деиен Лилард постигна 33 коша и 10 асистенции, а СиЏеј Меккалум додаде 24 поени со 6 асистенции. Џереми Грант со 30 коша ги предводепе Пистонс.

 

На чело на Западната конференција со најдобар ефект во НБА лигата од 36-11 е Јута Џез која до седмата последователна победа дојде со триумфот од 111:107 кај Мемфис Гризлис.

На својот некогашен паркет одличен беше Мајк Конли кој со 26 коша и 7 асистенци беше најдобар играч на Џез. Во тимот го немаше Донован Митчел кој остана во Солт Лејк Сити, откако авионот со играчите на Џез мораше принудно да слета веднаш по полетувањето за Мемфис, бидејќи влетал во јато птици при што беше оштетен еден мотор. Јута во текот на мечот остана и без Џордан Кларксон кој кон средината на последната четвртина го повреди десното стапало, а дотогаш постигна 24 поени.

Гризилс со 36 коша ги предводеше Џа Морант, Јонас Валанчиунас со 16 коша и 14 скови и Кајл Андерсон со 18 поени и 11 скокови имаа „дабл-дабле“ односно двојно-двоцифрен ефект.

 

Второто мето на Западот го држат Феникс Санс кои дома со 121:116 ги совладаа Чикаго Булс. Девин Букер со 45 коша имаше најдобро постигнување во оваа сеозна погодувајќи 17 од 24-те шута. Крис Пол во четвртата последователна победа на Санс придонесе со 19 поени и 14 асистенции.

Никола Вучевиќ со 24 коша и 10 скокови го оствари својот прв „дабл-дабл“ во дресот на Булс, а му се приклучија Тадеус Јанг со 19 поени и 10 скокови и Лаури Мерканен со 16 коша и 10 скокови. Но тоа не го спречи петтиот пораз на Чикаго во низа.

 

Далас Маверикс славеа со 113:108 на гостувањето кај Бостон Селтикс, а домашните ниту еднаш не беа во водство но дојдоа до можност за пресврт, откако имаа заостанување од 23 поени во третата четвртина. Лука Дончич постигна 36 коша погодувајќи 7 „тројки“ со шут од огра 11 од 15. Џејлен Брансон додаде 21 поен, а Кристапс Порцунгас 19 поени за победниците.

Кризата и натаму го тресе Бостон кој загубу седми пат во последните десет натпревари. Џејсон Тејтам беше најдобар стрелец кај домашните со 25 коша, Џејлен Браун додаде 24 а Кемба Вокер 22 поени.

 

Минесота Тимберволфс успеаја да надоместата 13 коша заостанување од почетокот на последната четвртина во дуелот со Њујорк Никс, а победата на домашните им ја донесе Малик Бејсли кој на 37,8 секунди пред крајот погоди „тројка“ за конечните 102:101. Тоа беше неговиот 20-ти поен на мечот, а Ентони Едвардс беше најефикасен кај победниците со 24 коша, а Карл-Ентони Тоунс додае 18 поени со 17 скокови. Кај Никс најдобар беше Џулиус Рендл со 26 коша и 12 скокови.

 

За победата на Мајами Хитс од 92:87 на гостувањата кај Индијана Пејсерс еден од најзаслужните беше Данкан Робинсон со 20 коша и 8 скокови. Џими Батлер додаде 18, а Тајлер Хиро 18 поени за Хитс, додека Бам Адебајо додаде 16 коша, 8 скокови и 7 асистенции. Пејсерс ги предводеше Мајлс Тарнерс со 15 поени, 6 скокови и 3 блокади.

 

Во Сан Антониот домашните Спарс ги совладаа Сакраменто Кингс со 120:106, а седумте играчи со двоцифрени поени ги предводеше Демар Дерозан со 26 коаш, Дерик Вајт додаде 18, а Руди Геј 16 поени. Деарон Фокс постигна 20 коша за Кингс, а Ричаун Холсм врза 14 поени со 15 скокови.

Во Оклахима Сити домашните Тандерс ги совладаа Торонто Репторс со 113:103, и ја прекинаа низата од три пораза. Украинецот Сви Михаилјук постигна 22 коша за победникот. Мозес Броун додаде 20 поени и 12 скокови, а Ијзеа Робоуи 18 коша 10 скокови за Тандерс.

Во својот четврти меч за Репторс по доаѓањето од Портланд, Гери Трент џуниор со 31 кош, што е негов најдобар резултат во кариерата. Во четвртиот последователен пораз на Торонто, ОЏеј Ананобу постигна 20 поени со 11 скокови.

 

Резултати НБА, 31-ви март

Мемфис – Јута 107:111
Феникс – Чикаго 121:116
Сан Антонио – Сакраменто 120:106
Детроит – Портланд 101:124
Индијана – Мајами 87:92
Бостон – Далас 108:113
Бруклин – Хјустон 120:108
Минесота – Њујорк 102:101
Оклахома Сити – Торонто 113:103
ЛА Лејкерс – Милвоки 97:112

 

ТАБЕЛИ

Источна конференција

1. Бруклин Нетс 33 15 68,8 проценти
2. Филаделфија 76ерс 32 15 68.1
3. Милвоки Бакс 30 17 63,8
4. Шарлот Хорнетс 24 22 52.2
5. Мајами Хит 24 24 50.0
6. Њујорк Никс 24 24 50.0
7. Атланта Хоукс 23 24 48,9
8. Бостон Селтикс 23 25 47,9
9. Индијана Пејсерс 21 25 45,7
10. Чикаго Булс 19 27 41,3
11. Торонто Репторс 18 30 37.5
12. Вашингтон Визардс 17 29 37.0
13. Кливленд Кавалирс 17 30 36.2
14. Орландо Меџикс 16 31 34.0
15. Детроит Пистонс 13 34 27.7

Западна конференција

1. Јута Џез 36 11 76,6 проценти
2. Феникс Санс 33 14 70.2
3. Лос Анџелес Клиперс 32 17 65.3
4. Лос Анџелес Лејкерс 30 18 62.5
5. Денвер Нагетс 29 18 61,7
6. Портланд Трејл Блејзерс 29 18 61,7
7. Далас Маверикс 25 21 54.3
8. Сан Антонио Спарс 24 21 53.3
9. Голден Стејт Вориорс 23 24 48,9
10. Мемфис Гризлис 22 23 48,9
11. Сакраменто Кингс 22 26 45,8
12. Њу Орлеанс Пеликанс 21 25 45.7
13. Оклахома Сити Тандер 20 27 42,6
14. Хјустон Рокетс 13 34 27,7
15. Минесота Тимбервулфс 12 36 25.0