НБА: Кари со 33 коша против Клиперс ја најави пресметката во Феникс

Кошаркарите на Голден Стејт Вориорс во Лос Анџелес ги совладаа домашните Клиперс со 105:90, а до убедливата победа стасаа најмногу благодарејќи на налутениот Стефен Кари кој 13 од своите 33 поени постигна во последната четвртина.

Сѐ до 9,7 минути до крајот Клиперс можеа и да се надеваат на поинаков краенисход од дуелот, бидејќи нивното заостанување беше едноцифрено (70:79). Но тогаш Кари беше запрен во еден противнапад, судиите не се огласија а капитенот на Вориорс ги загуби нервите и заработи техничка грешка. Лошиот развој за Клоперс го навести и Реџи Џејксон кој не ги реализираше слободните фрлања кои следеа пред следниот напад на Клиперс.

Во следните четири ипол минути Вориорс направија серија 19:7, Кари погоди три врзани „тројки“ и веќе немаше дилема околу победникот.

Покрај 33-те коша, Кари впиша и 6 украдени топки и исто толку асистенции. Голем придонесе од клупата имаше Ото Портер џуниор со 18 поени и 10 скокови, Џордан Пул додаде 17 а Ендрју Вигинс 12 поени. Клиперс со 30 коша но и 8 загубени топки ги предводеше Пол Џорц.

Вориорс со својата серија од седум последователни победи и најдобар соодност во лигата 18-2 одат во Феникс, каде ноќта од вторник кон средата ги очекуваат Санс, втората најдобар екипа со сооднос 17-3, и нивната низа од дури 16 последователни победи.

Неколку часа по споменатиот дуел на паркетот на „Стејплс Сентр“ истрчаа Лос Анџелес Лејкерс кои беа домаќини на Детроит Пистонс. Иако крајниот резултат 110:106 укажува на можна драматична завршница, сепак на теренот работите не се одвиваа така иако Пистонс успеаја заостанувањето од 19 поени од третата четвртина да го намалат но не и да направа пресврт.

На овој дуел немаше искри кои би ја запалиле атмосферата, како што се случи пред осум дена во Детроит, каде Леброн Џејмс заработи суспензија поради удат в лицето на Ајзеа Стјуарт. Малдиот центар на Пистонс и натаму тврди дека ударот на Џејмс со подлактица кој му ја расеше слепоочницата бил намерен, но дека не се обидел да му возврати.

Леброн Џејмс оствари 33 поени и имаше 9 асистенции. Расел Вестбрук врза 25 поени и 9 асистенции, а Ентони Дејвис придонесе во победата со 24 коша и 10 скокови. Пистонс во шестиот последователен пораз ги предвдеше Џереми Грант со 32 поени, Френк Џексон додаде 17 поени, а рукито Кејд Канингам врз 15 поени и 11 скокови.

До седмата последователна победа стасаа актуелните шпиони Милвоки Бакс кои славеа 118:110 на гостувањето кај Индијана Пејсерс.

Јанис Адетонкумбо уфрли 26 коша со 13 скокови, Џру Холидеј беше близу „трипл-дабл“ со остварување 23 поени, 9 асистенции и 7 скоковои, а по 14 коша постигнаа Пат Конатон и Крис Мидлтон кој на тоа додаде по 5 асистенции и скокови. Карис Леверт со 23 поени беше најефикасен кај Индијана, а Малколм Брогдон додаде 16 поени, Домантас Сабони остана на само 4 поени со 10 скокови.

Некогаш пресметката на најдобрите екипи на Истокот – Торонто Рапторс и Бостон Селтикс, на почетокот од сезоната се сведе на пресметка меѓу странични кандидати за плеј-офот. Гостинските Селтиск беа убедливи со 109:97, а Рапторс во деветте домашни дуело сезонава остварија само две победи.

Селтикс втората победа во трите дуели сезонава со Репторс ја обезбедија со серијата 14:2 на почетокот од последната четвртина во којашто Маркус Смарт постигна 8 од своите 21 коша, на што додаде и 8 скокови и 6 асистенции. Џош Ричардсон додаде 18 поени, Ал Харфорд врза 17 коша и 11 скокови.

Стрелците на Торонто ги предводеше Фред Ванвлет со 27 коша, Скпти Барнс додаде 21 а Паскал Сиакам 18 поени. Во тимот на Рапторс не настапи Словенецот Горан Драгич, кој со дозвола на клибот и од лични причини ќе отсуствува од НБА на неодреден временски период.

Најубедлива победа синоќа остварија пред своите навивачи Мемфис Гризлис кои со 128:101 ги совладаа Сакраменто Кингс. Дилон Брукс за победницете постигна 21 кош, а Дезмонд Бејн додаде 18 поени за победниците во првиот меч на Гризлис без Џа Морант кој го повреди левото колено. Џарен Џексон џуниор оствари 17 коша и 9 скокови а Брендон Кларк 15 поени за Мемфис. Стрелците на Кингс ги предводеше Бади Хилд со 14 и Теренс Дејвис со 13 коша.

РЕЗУЛТАТИ

ЛА Клиперс – Голден Стејт Вориорс 90:105
Индијана Пејсерс – Милвоки Бакс 100:118
Торонто Рапторс – Бостон Селтикс 97:109
Мемфис Гризлис – Сакраменто Кингс 128:101
Лос Анџелес Лејкерс – Детроит Пистонс 110:106

ТАБЕЛИ

ИСТОЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА
Атлантска дивизија
1. Бруклин Нетс 14 6 .700 –
2. Њујорк Никс 11 9 .550 3
3. Бостон Селтикс 10 10 ,500 4
3. Филаделфија 76ерс 10 10 .500 4
5. Торонто Рапторс 9 12 .429 5 1/2

Централна дивизија
1. Милвоки Бакс 13 8 .619 –
1. Чикаго Булс 13 8 .619 –
3. Кливленд Кавалирс 10 10 .500 2 1/2
4. Индијана Пејсерс 9 13 .409 4 1/2
5. Детроит Пистонс 4 16 .200 8 1/2

Југоисточна дивизија
1. Мајами Хитс 13 7 ,650 –
1. Вашингтон Визардс 13 7 .650 –
3. Шарлот Хорнетс 13 9 .591 1
4. Атланта Хокс 11 10 .524 2 1/2
5. Орландо Меџикс 4 17 .190 9 1/2

ЗАПАДНА КОНФЕРЕНЦИЈА
Пацифичка дивизија
1. Голден Стејт Вориорс 18 2 .900 –
2. Феникс Санс 17 3 .850 1
3. Лос Анџелес Клиперс 11 9 .550 7
4. Лос Анџелес Лејкерс 11 11 .500 8
5. Сакраменто Кингс 8 13 .381 10 1/2

Југозападна дивизија
1. Далас Маверикс 10 8 .556 –
2. Мемфис Гризлис 10 10 .500 1
3. Сан Антонио Спарс 5 13 .278 5
4. Њу Орлеанс Пеликанс 5 17 .227 7
5. Хјустон Рокетс 3 16 .158 7 1/2

Северозападна дивизија
1. Јута Џез 13 7 .650 –
2. Портланд Трејл Блејзерс 10 10 .500 3
2. Минесота Тимбервулвс 10 10 .500 3
4. Денвер Нагетс 9 10 .474 3 1/2
5. Оклахома Сити Тандерс 6 13 .316 6 1/2