НБА: Клиперс потпишаа со Бен Симонс

НБА тимот Лос Анџелес Клиперс потпишаа договор со Бен Симонс во понеделникот, два дена откако Бруклин Нетс се согласи да го откупи неговиот договор.

Клиперс не ги објавија условите од неговиот договор. Дваесет иосумгодишниот Симонс беше во последната сезона од петгодишниот договор вреден 177,2 милиони долари и оваа сезона заработи 40,3 милиони долари.

Трикратен Ол-стар и поранешен дебитант на годината, Симонс имм се приклучи на Нетс во 2022 година како дел од трејдот со пет играчи што го испрати Џејмс Харден во Филаделфија 76ерс, меѓу другите.

208 сантиметри високиот Симонс сега ќе му биде тимски колега на Харден и ќе им пружи дополнителна помош на Клиперс на поицијата разигрувач.

За Нетс, Симонс одигра 90 натпревари и имаше просек од 6,5 поени, 6,2 скока и 6,3 асистенции за 25,4 минути по натпревар. Тој играше на 33 од 52 натпревари на Нетс оваа сезона, како стартер на 24 од нив и имаше просек од 6,2 поени и 6,9 асистенции.