Бранителот на титулата во НБА лигата, Кливленд Кавалирс, во вториот натпревар игран ноќта кон саботата во финалната серија до четири победи во Источната конференција поведоа со 2-0 совладувајќи го Бостон Селтикс на нивен терен со 130:86.
Прв играч на мечот беше Леброн Џејмс со 30 постигнати кошеви, Кевин Лав додаде 21 поен со 12 скокови, а Кајри Ирвинг 23 поени.
Кливленд од почетокот го контролираше мечот, а на крајот од првата четвртина водеа со 14 поени, за таа предност да ја зголемат на дури 41 поен на полувремето и на 46 кошеви по трите четвртини.
Бостон второто полувреме го играа без Ајзеа Томас кој го повреди десниот колк, а најдобриот стрелец во редовите на Селтикс беше Џејлен Браун со 19 кошеви.
Следниот натпревар се игра во недела во Кливленд.