НБА: Кливленд во големото финале, Џејмс го мина Џордан (ВИДЕО)

Кошаркарите на Кливленд Кавалирс го изборија пласманот во големото финале од доигрувањето на НБА лигата, откако во петтиот натпревар во финалето на Источната конференција на гостувањето ги победија Бостон Селтикс со 135:102 во серијата до четири победи и стасаа до скорот 4-1.

Актулениот шампион во НБА лигаа во финалето ќе ја брани титулата против Голден Стејт Вориорс кои со чисти 4-0 го минаа Сан Антониот Спарс. Првиoт меч ќе се игра на 1 јуни во „Оракл Арена“ во Окленд.

Така, во финалето третата година по ред ќе играат истите клубови. Пред две години славеа Вориорс со 4-2, а ланската победија Кавалирс со 4-3.

Иако во Бостон веруваа дека може да ја продолжат финалната серија во Источната конференција, без својот најдобар играч Ајзеа Томас невозможно беа да го сторат тоа. Ѕвездата на Селтикс во вториот меч ја обнови повредата на колкот и за него сезоната заврши уште тогаш.

Кавалирс беа решени што побрзо да ја завршат серијата и силно влегоа во мечот и веќе во првата четвртина ја преземаа доминацијата. По првата четвртина имаа 16 поени предност (43-27), соборувајќи го клупскиот рекорд според бројот постигнати кошеви во една четвртина во плеј-офот. До крајот на полувремето дојдоа до плус 18 (75-57), а на крајот од третата четвртина имаа веќе недостижни 35 поени разлика (109:74). Бостон во последната четвртина успеа само да го ублажи поразот.

Најдобар на мечот беше Леброн Џејмс со 35 поени, и по 8 скокови и асистенции. Џејмс во 11 од 13-те натпревари за Кавалирс оваа сезона во плеј-офот постигна 30 и повеќе кошеви, меѓутоа, уште поважно е што успее да стане најефикасниот играч во историјата на НБА лигата во доигрувањето. Досега рекордот го држеше според многумина најдобриот во историјата на оваа игра легендарниот Мајкл Џордан со 5.987 кошеви, а Џејмс сега има 5.995 кошеви. Покрај тоа, Леброн Џејмс оствари уште еден ипресивен успех, имено влезе во 8-то од последните 11 финални дуели на НБА, при што ова му е седмо последователно. Послeдниот кому тоа му успеа беше Бил Расел во дресот на Бостон Селтикс од 1959 до 1966 година

Кајри Ирвин додаде 24 поени и седум асистенции, Кевин Лав забележа 15 кошеви и 11 скокови, а Дерон Вилијамс уфрли 14 поени. Кај домашните најефикасен беше Ејверио Бредли со 23 кошеви, Џералд Грин постигна 14, Џеј Лоудер 11 а Тери Росиер 10 кошеви.