НБА: “Кралот” Џејмс сам ја победи разиграната Јута

"Кралот" Џејмс се разигра против Јута и со 31 поен речиси сам ги победи Џезерите

Кавси до победата стигнаа многу потешко од очекувањата, а принуден да “интервенира” беше Леброн Џејмс.

Кралот постигна 17 од вкупно 38-те поени на Кливленд во последната четвртина, самиот правејќи пресврт откако неговиот тим губеше со 95:86 кон средината на последната четвртина. Тој целосно ја превзеде контролата над натпреварот, иницирајќи го пресвртот и носејќи му нова победа на Кливленд.

На крајот, Џејмс го заврши мечот со 31 поен, 8 асистенции и 7 скокови, а одлична помош доби и од Мо Вилијамс, кој реализираше 29 поени.



НБА резултати:

Кливленд – Јута 118:114
Вашингтон – Оклахома 101:125
Мајами – ЛА лејкерс 101:88
Торонто – Њујорк 109:111
Милвоки – Бостон 83:99
Минесота – Шарлот 95:104
Њу Орлеанс – Далас 120:105