НБА лига: Бојан Богдановиќ се сели во Њујорк Никс

Хрватскиот кошаркар Бојан Богдановиќ од Детроит Пистонс се пресели во Њујорк Никс, објави ESPN.

Спортската мрежа тврди дека Њујорк Никс ги добива Бојан Богдановиќ и Алек Буркс од Детроит Пистонс во замена за Квентин Грајмс, Еван Фурние, Малачи Флин, Рајан Арчидиаконоу и двајца идни пикови од втората рунда.

За 34-годишниот Богдановиќ, Њујорк Никс ќе биде шестиот НБА клуб за кој настапувал по Бруклин Нетс, Вашингтон Визардс, Индијана Пејсерс и Јута Џез, додека тој ќе биде и третиот хрватски играч во историјата на Никс, по Бруно Шундов и Марио Хезоња.

Богдановиќ последните две сезони играше во Пистонси, а во оваа сезона 2023/24 има просек по натпревар од 20,2 поени и шутира 46,8 отсто од поле и 41,5 отсто за три поена.

Никс се моментално третопласираниот клуб на Истокот, додека Детроит е убедливо најлошиот тим во лигата кој забележа годинава рекордна низа порази.