Денвер Нагетс поведоа со 3-2 во серијата до четири победи, откако синоќа на домашен терен ги совладаа Минесота Тимбервулвс со 112:97 во петтиот натпревар од полуфиналето на Западната конференција на домашен терен.
Никола Јокиќ ја прослави својата трета церемонија на доделување на пирзнанието за најкорисен (МВП) играч во регуларниот дел од сезоната, постигнувајќи 40 поени и 13 асистенции за победата на Денвер. Арон Гордон постигна 18 поени со 10 скока, додека Џамал Мареј и Кентавиус Колдвел-Поуп постигнаа по 16 поени за Денвер.
Шестиот натпревар се игра четврток вечер во Минеаполис.
Ол-стар бекот на Минесота, Ентони Едвардс беше запрен на 18 поени и девет асистенции. Карл-Ентони Таунс постигна 23 поени, а Руди Гоберт имаше 18 поени и 11 скока за Тимбервулвс.
Јокиќ го доби својот МВП трофеј од комесарот на НБА, Адам Силвер, пред тип-офот а потоа постигна 12 поени во првата четвртина и седум во втората за да го доведе Денвер до водство од 50:44 на полувремето.
Њујорк Никс поведоа со 3-2 во серијата, совладувајќи ги синоќа Индијана Пејсерс со 121:91, исто така, во петтиот натпревар. До победата ги предводеше Џејлен Брунсон кој за 43 минути постигна 44 поени и додаде седум асистенции и четири скока.
Никс, кои ги загубија мечевите број 3 и број 4 во Индијанаполис, сега водат со 3-2 во серијата и им недостига уште една победа. Њујорк ќе се обиде да се избори за пласман во финалето на Источната конференција со гостинска победа во натпреварот број 6 во петок.
Џош Харт постигна 18 поени и додаде 11 скока за Никс, а Ајсаја Хартенштајн додаде 17 скока. Кај Пејсерси најдобар беше Паскал Сијакам со 22 прекини и осум скока, додека Мајлс Тарнер додаде 16 поени.
Пејсерси водеа со дури седум поени разлика во првата четвртина пред Никс незапирливо да тргнат напред, завршувајќи го периодот со серија од 22:10 преземајќи го водството со 38:32 кое не го испуштија до крајот на дуелот.