Кошаркарите на Денвер Нагетс победија со 112:101 на гостувањето кај Далас, иако домашните Маверикс имаа 19 поени предност на неполни 17 минути до крајот на натпреварот.
Ослабениот Далас, кој остана без своите две ѕвезди Лука Дончиќ и Кајри Ирвинг, поведе со 86:67 во осмата минута од третата четвртина. Сепак, до крајот на третата четвртина Нагетс ја намалија негативата на 10 поени (89:79), а за неполни три минути игра во последната делница од мечот целосно ја анулираа предноста на домаќините (91:-91).
Далас го држеше приклучокот до три минути пред крајот, кога Спенсер Динвиди поентираше заизрамни на минус 2 (99:101). Сепак, гостите до крајот на натпреварот направија серија 11:2 и на крајот остварија убедлива победа (112:101).
На Никола Јокиќ му недостигаше една асистенција за нов „трипл-дабл“, а дуелот го заврши со 19 поени, 18 скока и девет асистенции. Расел Вестбрук остана на три асистенции до „трипл-дабл“ со 21 поен, 10 скока и седум асистенции. Џамал Мареј постигна 17 поени, но шутираше 7/18 од поле.
Прв стрелец на Далас беше Клеј Томпсон со 25 поени, додека Наџи Маршал и Спенсер Динвиди постигнаа по 16 поени, а вториот додаде и 10 асистенции.
Со оваа нивна трета победа во низа и 23-та сезонава, Денвер (23-15) се зацврстија на четвртото место во табеалта на Западната конференција. Далас е на петтото место со скор 22-17.
Во Њујорк, домашните Никс убедливо ги совладаа Милвоки Бакс со 140:106 и ја прекина нивната серија од три победи. Џејлен Брунсон постигна 44 поени за победниците, а Карл-Ентони Таунс комбинираше 30 поени и 18 скока. Кај гостите Јанис Адетокумбо постигна 24 поени и 13 скока, а Демијан Лилард постигна 22 поени.
Сакраменто Кингс ги совладаа Булс со 124:119 на нивниот паркет во Чикаго и го добија седмиот последователен натпревар. Де’Арон Фокс ги предводеше Кингс со 26 поени, додека Домантас Сабонис имаше 22 поени, 16 скока и осум асистенции. Зак ЛаВин беше најдобар играч на Чикаго со 36 поени и 10 скока.