НБА лига: Дончиќ и Ирвинг испишаа историја

Лука Дончиќ впиша 42 поени и 12 асистенции и Кајри Ирвинг со 40 поени ги предводеа Далас Маверикс до победета на домашен терен над Филаделфија 76ерс со 133:126.

Така Дончиќ и Ирвин станаа само петтата двојка од ист клуб коајшто надминала 40 поени во ист натпревар во последните 30 години од НБА лигата. Истовремено Маверикс го подобрија резултатот на 2-4 со Дончиќ и Ирвинг кога играат заедно, откако загубија пет од нивните претходни шест натпревари пред минатата ноќ.

Фудбалерот на Филаделфија, Џоел Ембиид, се врати по отсуството од еден натпревар поради воспаление на левото стапало и постигна 35 поени со осум скока. Тајрис Макси додаде 29 поени. Џејмс Харден постигна 27 поени и 13 асистенции.

Далас е шести на Запад, а Сиксерс се трети на Исток.

Џордан Пул постигна 22 од своите 34 поени во третата четвртина кога Голден Стејт Вориорс успеаја да направат пресврт против Лос Анџелес Клиперс и да дојдат до победата со 115:91 во Сан Франциско. Играјќи уште еднаш без Стеф Кари и Ендрју Вигинс, Вориорс имаа заостанување од 12 поени набрзо по полувремето пред пресвртот на играта во едностраната третата четвртина.

Кави Ленард постигна 21 поен, а Мејсон Пламли имаше 20 скока во натпреварот и ги предводеше Клиперси, кои го загубија четвртиот натпревар по ред. Вориорс се петти, а Клиперс седми на Западот.

РЕЗУЛТАТИ

Вашингтон Визардс – Торонто Репторс 119:108
Далас Маверикс – Филаделфија 76ерс 133:126
Сан Антонио Спарс – Индијана Пејсерс 110:99
Голден Стејт Вориорс – ЛА Клиперс 115:91

ТАБЕЛИ

ИСТОЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА

Милвоки Бакс 45 17 72,6
Бостон Селтикс 45 18 71,4
Филаделфија 76ерс 40 22 64,5
Кливленд Кавалирс 39 26 60,0
Њујорк Никс 37 27 57,8
Бруклин Нетс 34 28 54,8
Мајами Хит 33 30 52,4
Атланта Хокс 31 31 50,0
Торонто Репторс 31 33 48,4
Вашингтон Визардс 30 32 48,4
Чикаго Булс 29 34 46,0
Индијана Пејсерс 28 36 43,8
Орландо Меџик 26 37 41,3
Шарлот Хорнетс 20 44 31,3
Детроит Пистонс 15 48 23,8

ЗАПАДНА КОНФЕРЕНЦИЈА

Денвер Нагетс 44 19 69,8
Мемфис Гризлис 38 23 62,3
Сакраменто Кингс 36 25 59,0
Феникс Санс 34 29 54,0
Голден Стејт Вориорс 32 30 51,6
Далас Маверикс 33 31 51,6
ЛА Клиперс 33 31 51,6
Минесота Тимбервулфс 32 32 50,0
Јута Џез 31 32 49,2
Њу Орлеанс Пеликанс 31 32 49,2
Лос Анџелес Лејкерс 30 33 47,6
Портланд Трејл Блејзерс 29 33 46,8
Оклахома Сити Тандер 28 34 45,2
Сан Антонио Спарс 16 47 25,4
Хјустон Рокетс 13 49 21,0