Првите носители во двете конференции во НБА лига, кошаркарите на Феникс Санс во Западната, односно Мајами Хит во Источната конференција во Источната, поведоа со по 2-0 во сериите до четири победи во вториот круг од доигрувањето.
И Феникс и Мајами ја искористија предноста на домашниот паркет во првите два дуела, а во вторите мечеви одиграни во средата ноќта оставрија убедливи понеди, Санс ги совладаа Далас Маверикс со 129:109, додека Хит беа поуспешни од Филаделфија 76ерс со 119:103.
Двобојот во Феникс беше неизвесен само до почетокот на последната четвртина, девет минути пред крајот беше 99:93 за Санс, но домашниот тим во следните пет минути направи серија од 23:2, и побегна на големите 122:95.
Кај минатогодишните финалисти одлични беа Девин Букер со 30 и Крис Пол со 28 коша. Букер 21 поен постигна во второто полувреме, а Пол 14 само во четвртата делнициа. Кај Маверикс, и на мечот, најефикасен беше Лука Дончич со 35 коша.
Третиот и четвртиот дуел ќе се играат во Далас во петок и во недела.
Хит против Сиксерс, кои и натаму се без својот најдобар играч Џоел Ембид, мирно го контролираше текот на мечот. Се одлепи на крајот на првата четвртина и потоа одржуваше постојана предност, најчесто со повеќе од 10 разлика.
Изедначениот напад на финалистите од 2020-та го предводеше Бем Адебајо со 23 поени, Џими Батлер додаде 22 со 12 асистенции, додека Виктор Одалипо и Тајлер Хиро со влегувањата од клипата додадо 19 односно 18 поени. Кај гостите се истакна Тајриз Макси со 34 коша, Тобијас Харис постигна 21 а Џејмс Харден 20 поени.
Третиот и четвртиот натпревар од оваа серија на програмата се во Филаделфија, во петок и во недела.