Во највозбудливиот натпревар одигран синоќа во НБА, Феникс Санс по две продолженија во Солт Лејк Сити ја победија Јута Џез со 140:137, а Кевин Дурент постигна 39 поени за победа на гостинскиот тим.
Дурент имаше 10 асистенции и осум скока, а Девин Букер додаде 26 поени, вклучувајќи и две слободни фрлања во последната секунда од второто продолжение и осум асистенции за Санс. Најдобар поединец на Јута беше Лаури Марканен со 38 поени и 17 скока.
Феникс водеа со 115:113 на нешто повеќе од една минута до крајот на регуларниот дел од меќот по кошот на Дурент, но Марканен погоди „леј-ап“ на 20 секунди до крајот за да го однесе натпреварот во продолжение. На крајот од првото продолжение, на 37 секунди до крајот, Дурант постигна кош за водство на Санс од 126:121. Потоа, прво Кларксон погоди две слободни фрлања за Јута да стигне до 123:126, а потоа Марканен за 125:126. На осум секунди до крајот беше направен прекршок над Гордон, кој реализираше само едно слободно фрлање и Санс впшоедоа со 127:125. Но, Секстон погодува „леј-ап“ со звукот на сирената и натпреварот отиде во второ продолжение.
Феникс водеше со три разлика во последните секунди, по слободните фрлања на Букер на 0,9 секунди до крајот, кога на Дурент му беше суден прекршок за фаулирање на Марканен кога овојшутираше за „тројка“. По подолго прегледување на снимката, судиите ја поништија одлуката бидејќи утврдија дека Дурант ја удрил топката пред да го удри зглобот на Марканен.
ЛА Лејкерс на домашен терен ги победи Хјустон Рокест со 105:104 а до победата ги предводеше расположениот Леброн Џејмс кој го заврши натпреварот со 37 поени. Го следеше Ентони Дејвис кој додаде 27 поени и 10 скока. Остин Ривс, кој постигна 17 поени, промаши слободно фрлање на 11,6 секунди до крајот, а Алперен Сенгун од Хјустон постигна кош за израмнување на 104:104 на четири секунди до крајот. Тогаш Џејмс беше фаулиран, а тој реализираеш едно од двете слободни фрлања за водство и победа. Дилон Брукс, кој го предводеше Хјустон со 24 украдени топки, потоа промаши обид за „тројка“ од половина терен со звукот на сирената.
Сакраменто Кингс ја остварија третата последователна победа, совладувајќи ги Далас Маверикс со 129:113. Најзаслужен за победата беше Домантас Сабонис, кој забележа „дабл-дабл“ со 32 поени и 13 скока. Де’Арон Фокс додаде 30 поени и седум асистенции за кралевите. Лука Дончиќ го предводеше Далас со 25 поени, 10 скока и седум асистенции.
Шестата победа во низа ја остварија Бостон Селтикс кои на гости беа подобри и од Мемфис Гризлис со 102:100. Кристапс Порзингис беше најдобар во редовите на победничката екипа, а постигна 26 поени со осум скока и шест блокирани удари. Исто така, Порзингис „заби“ на минута пред крајот за Бостон за одвојување на 102:100. Санти Алдама имаше шанса да му донесе водство на Мемфис, но неговиот обид за три поена на четири секунди до крајот беше неуспешен. Џејсон Тејтум додаде 20 поени, девет скока и пет асистенции за Селтикси. Кај Гризлис најдобар беше Дезмонд Бејн со 30 голови. Алдама заврши со 28 поени, 12 скока, шест асистенции и две украдени топки.
Оклахома Сити Тандер ги победија Портланд Трејл Блејзерс со 134:91 и ја забележаа петтата победа во низа. Шаи Гилџеус-Александер постигна 28 поени за Оклахома, Чет Холмгрен додаде 16 поени, а Ајсаја Џо додаде 15 поени, и тоа сите „тројки“. Џерами Грант постигна 14 поени, а Џабари Вокер 13 за Портланд, кој го загуби седмиот натпревар по ред.
Детроит Пистонс го претрпеа 11-от пораз во низа, синоќа во Торонто беа поразени со 113:142 од Торонто Репторс предводени од Паскал Сијакам со 23 поени. Џејкоб Поелтл додаде 16 поени и 10 скока за Репторс, кои поставија рекорд во франшизата со 44 асистенции, од кои девет му припаднаа на Барнс и седум на Шродер. За Детроит, Стенли Умуде постигна 19 поени, а Кејд Канингем 18.
Кливленд Кавалирс на свој терен ги победија Денвер Нагетс со 121:109 и со тоа ја забележа третата последователна победа. Дариус Гарланд до победата ги предводеше Кавалирс со 26 коша, а Крег Портер додаде 21. Кај НБА шампионите најефикасен беше Мајкл Портер со 21 асистенција, додека Никола Јокиќ постигна 18 поени со десет скока и седум асистенции.