Иако поради повреда на ахиловата тетива на левата нога играа без својот најдобар играч Јанис Адетокумбо, Милвоки Бакс со голем пресврт во последната четвртина ги совладаа Лос Анџелес Клиперс со 113:106.
Клиперс го контролираа резултатот во текот на сите први три четвртини, во средината на третата делница ја имаа најголемата разлика од 15 поени (61:46), но кон крајот на натпреварот домашните Бакс направија предност од 12 поени и мирно го приведоа дуелот до крај.
Во отсуство на Адетокумбо, Бакс до победата ги предводеа Демијан Лилард со 41 поен и Боби Портис со 28 поени и 16 скока, додека на Клиперс не им беа доволни 29 коша на Џејмс Харден и на Пол Џорџ.
Со овој пораз Клиперс, кои се четврти во Западната конференција, паднаа на соодносто 39-21 меѓи победи и порази, додека Бакс со шестата победа во низа се зацврстија на второто место на Истокот со соодносот 41-21.
Пресврт и победата на домашниот тим беше виден и во Солт Лејк Сити, каде домашните Јута Џез им го нанесоа 15-от последователен пораз на Вашингтон Визардс, совладувајќи ги со 127:115. Гостите од главниот град водеа со дури 14 поени разлика, а на пет минути до крајот сѐ уште имаа предност од 113:111, но потоа Џезерите тргнаа во серија од 14:0, пред сѐ, благодарение на Џордан Кларксон, кој постигна 12 од тие 14 поени, влегувајќи во последната минута со недостижни 125:113.
Кларксон ги предводеше Џез со 38 поени и 10 скока, Колин Секстон додаде 29, додека Џордан Пул со 32 и Кајл Кузма со 23 украдени топки беа подобри од останатите за Визардс, кај кои отсуствуваше Лаури Марканен.
Јута е 11-та на Западот со 28-34, додека Вашингтон е на дното на Истокот и целата лига со 9-52.