НБА лига: Кари ги „успа“ Селтикс, победничкото враќање на Морант

Бостон Селтикс водеа поголемиот дел од натпреварот во „Чејс центарот“ во Сан Франциско, имаа 17 поени предност на средината од третата четвртина, но во четвртата делница и во продолжението, Стивен Кари постигна 20 од своите 33 поени и на тој начин го доведе Голден Стејт Вориорс до трета победа во низа.

Вориорс го скршија водечкиот тим во Источната конференција со 20 „тројки“ од 50 обиди. Кари и Клеј Томпсон постигнаа по шест „тројки“, вториот натпреварот го заврши со 24 поени.

Но, иако ова беше тимски напор, херој на победата на Вориорс, како и многупати досега, беше нивниот капитен Стивен Кари, кој погоди „тројка“ на 96 секунди до крајот на регуларниот дела за израмнување на 121:121, а потоа уфрли 7 од 11-те коша на неговиот тим во продолжението. Посебно импресивна беше „тројката“ за водството од 130:126 на 10,6 секунди до крајот, која ја постигна на самиот истек од нападот преку раката на Дерик Вајт.

„Веќе ништо не може да ме шокира, кога станува збор за Стеф, тој шут беше луд, брзо ослободување, висок лак, но очекував дека ќе погоди, а мислам дека тоа го очекуваа и нашите навивачи. Тоа момче е магично. Не можам да објаснам. Тоа е она што тој го прави“, рече тренерот на Голден Стејт, Стив Кер.

„Тоа беше ќупот со златото што нѐ чекаше тенџере на крајот од виножитото“, поетски ја опиша решавачката акција на мечот дебитантот на Вориорс, Трејси Џексон-Дејвис, која со 10 поени и 13 скока го постигна својот прв „дабл-дабл“ учинок и помогна неговиот тим да ја прекине серијата од пет победи на Селтикс.

Кај гостите Дерик Вајт постигна 30 поени, а Џејлен Браун заврши со 28 поени, осум скока и седум асистенции. Џејсон Тејтум беше задржан на 15 поени, шутирајќи 5/17 од поле. Ал Хорфорд искомбинираше 13 поени, 12 скока и шест асистенции.

Мемфис Гризлис ја пречекаа својата ѕвезда Џа Морант, која издржа суспензија од 24 натпревари и блесна во победата од 115:113 над Њу Орлеанс Пеликанс. Морант постигна 34 поени со осум асистенции и шест скока, но со звукот на сирената го постигна и победничкиот кош.

Ја зеде топката в раце, влезе во рекетот, со целосен реолинг си ослободи доволно простор потребен да погоди преку својот чувар од два метри за победа. Тоа беше неговиот 27-ми поен во второто полувреме, во кое Мемфис се вратија од негативата од 24 поени на крајот од втората четвртина.

„Работев на себе. Не играв осум месеци. Имав многу време да се запознаам себеси. Поминав низ многу тешки денови. Но, кошарката е мојот живот – тоа е она што го сакам, тоа е мојата терапија. И, навистина сум возбуден што се враќам“, изјави 24-годишниот плејмејкер.

Како што кажува самата позиција на која игра, Морант беше вистинскиот креатор во овој дуел. Со негова помош, Џерен Џексон Џуниор постигна 24 поени, а Дезмонд Бејн 21 поен. Гризлис постигнаа 41 поен во првото полувреме од мечот во Њу Орлеанс, а дури 74 поени во вториот дел, со што ја надополнија големата негатива.

Во првиот пораз на Пеликанс по пет последователни победи, Брендон Инграм беше најдобар со 34 поени и шест асистенции, додека Јонас Валанчиунас додаде 22 поени и 14 скока. Си Џеј МекКолум постигна 18 поени со шест асистенции.

Милвоки Бакс (20-7) го искористија поразот на Бостон во Сан Франциско и реќиси со Селтикс (20-6) победувајќи ги Сан Антонио Спарс со 132:119 на нивниот „Форум Фисерв“. Демијан Лилард брилјираше, постигна 40 поени, а веќе по првата четвртина имаше 19 поени.

На овој натпревар, Лилард ја мина границата од 20.000 поени во својата НБА кариера, со што стана осмиот активен играч на кој тоа му успеало, а 51-ви во историјата на лигата. Покрај тоа, тој се најде во друштво на Леброн Џејмс, Стивен Кари и Џејмс Харден, кои заедно со Лилард се единствените со 20.000 поени, а успеаја да стигнат до 5.000 асистенции и да погодат 2.000 „тројки“.

Во петтата последователна победа на Бакс, Јанис Адетокумбо впиша нов „трипл-дабл“ со 11 поени, 14 скока и 16 асистенции. Боби Портис постигна 23 поени и 10 скока, а Крис Мидлтон постигна 17 поени.

Сан Антонио само вторпат сезонава играа без Виктор Вембањама. Спарс го претрпеа 20-от пораз во последните 21 натпревар, а беа предводени од Келдон Џонсон со 28 поени и 12 скока.

Портланд Трејл Блејзерс ја прекина серијата од седум порази пред своите гледачи победувајќи ги Феникс Санс со 109:104, иако гостите на почетокот на третата четвртина имаа 15 поени предност, а Кевин Дурент постигна 40 поени.

Избалансираниот напад на Трејл Блејзерс го предводеше Анферни Сајмонс со 23 поени и седум асистенции, а Џерами Грант постигна 22 поени. Деандре Ајтон постигна 16 поени и 15 скока против својот поранешен тим, а Малком Брогдон додаде 14 поени.

Со 26 поени, Девин Букер беше втор стрелец за Санс, кои загубија седми пат во последните 10 натпревари.

ТАБЕЛИ

ИСТОЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА
1. Бостон Селтикс 20 6 76,9 отсто
2. Милвоки Бакс 20 7 74.1
3. Филаделфија 76ерс 18 8 69.2
4. Орландо Меџик 16 9 64,0
5. Њујорк Никс 15 11 57,7
6. Кливленд Кавалирс 15 12 55,6
7. Мајами Хит 15 12 55,6
8. Индијана Пејсерс 13 12 52,0
9. Бруклин Нетс 13 13 50.0
10. Атланта Хокс 11 15 42.3
11. Торонто Репторс 11 15 42.3
12. Чикаго Булс 11 17 39.3
13. Шарлот Хорнетс 7 18 28.0
14. Вашингтон Визардс 4 22 15.4
15. Детроит Пистонс 2 25 7.4

ЗАПАДНА КОНФЕРЕНЦИЈА
1. Минесота Тимбервулфс 20 5 80,0 отсто
2. Оклахома Сити Тандер 17 8 68.0
3. Денвер Нагетс 18 10 64.3
4. Сакраменто Кингс 16 9 64,0
5. Далас Маверикс 16 10 61,5
6. ЛА Клиперс 16 10 61,5
7. Њу Орлеанс Пеликанс 16 12 57.1
8. Лос Анџелес Лејкерс 15 12 55,6
9. Хјустон Рокетс 13 11 54.2
10. Феникс Санс 14 13 51,9
11. Голден Стејт Вориорс 13 14 48.1
12. Јута Џез 10 17 37.0
13. Мемфис Гризлис 7 19 26,9
14. Портланд Трејл Блејзерс 7 19 26.9
15. Сан Антонио Спарс 4 22 15.4