Екипите на Лос Анџелес Лејкерс и Индијана Пејсерс ќе играат во првото финале на новиот турнир во полусезона наречен Куп на северноамериканската кошаркарска лига.
На завршниот турнир во четвртокот во Лас Вегас, Лејкерс во полуфиналето ги совладаа Њу Орлеанс Пеликанс со 133:89, додека Индијана Пејсерс беа подобри од Милвоки Бакс со 128:119.
Лејкерс до големата победа ги предводеше Леброн Џејмс, кој натпреварот го заврши со 30 поени, осум асистенции и пет скока. Ентони Дејвис додаде 16 поени и 15 скока за Лејкерс, додека ниту еден од противничките играчи не постигна повеќе од 14 поени. Најдобар стрелец со 14 коша беше Треј Марфи Трети, а Зион Вилијамс постигна 13 поени.
Тирс Халибартон ја предводеше Индијана до победата над Милвоки, постигнувајќи 27 поени и 15 асистенции. Мајлс Тарнер додаде 26 поени и 10 скока во победата. Во редовите на Милвоки најдобар беше Јанис Адетокумбо со 37 поени и 10 скока.
Финалето на овој турнир ќе се игра во недела навечер, а за разлика од претходните натпревари нема да се смета како редовен дел од сезоната.