![lebron dzejms skor](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/lebron-dzejms-skor.jpg?resize=624%2C418&ssl=1)
Кошаркарите на Феникс Санс синоќа на гости ги победија Бруклин Нетс со 116:112 и покрај рекордната ноќ од Нетс, Кам Томас, што е деветтата победа за нив во 11-те последни натпревари.
Феникс беа предводени од Деандре Ајтон, кој го израмни рекордот во кариерата со 35 поени и 15 скока. Најдобар поединец кај поразениот тим беше Кам Томас кој натпреварот го заврши со 43 поени. На претходните два натпревара постигна 47 и 44 поени, со што стана првиот играч во историјата на франшизата со три последователни натпревара со 40 поени.
Вечерта секако ја одбележа Леброн Џејмс, кој го престигна Карим Абдул-Џабар и стана најдобар стрелец во историјата на НБА, но неговото славје го расипа поразот од Оклахома, која беше подобра од неговиот ЛА Лејкерс со 133:130.
Џејмс го надмина рекордот на Џабар од 38.387 поени на 10,9 секунди до крајот на третата четвртина кога беше на линијата за слободни фрлања. Натпреварот го заврши со 38 поени, достигнувајќи вкупно 38.390 поени во својата дваесетгодишна кариера.
Шаи Гилгеус-Александер ја предводеше Оклахома со 30 поени и 8 асистенции, а Џејлен Вилијамс додаде 25 поени.
Денвер Нагетс на домашен терен ја победија Минесота Тимбервулфс со 146:112, а Никола Јокиќ постигна 20 поени со 16 асистенции и 12 скока за 19-ти „трипл-дабл“ оваа сезона.
Мајкл Портер Џуниор постигна 30 поени, а Арон Гордон заврши со 24 за Денвер, што ги постави највисоките сезонски поени во една четвртина (49 во првата) и во полувреме (79 во првото полувреме).
Ентони Едвардс и Лука Гарза постигнаа по 19 поени за Тимбервулфс.
Њујорк Никс на гости ги победија Орландо Меџик со 102:98, а до победата ги предводеше Џејлен Брунсон со 25 поени. Џулиус Рендл додаде 22 поени, 14 скока и шест асистенции за Њујорк, кој го доби својот петти натпревар во последните осум натпревари. Маркел Фулц впиша 21 поен за Орландо, кој водеше во поголемиот дел од натпреварот, но загуби по 29:36 во четвртата четвртина.
Њу Орлеанс Пеликанс стигна до третата последователна победа по серијата од десет порази, совладувајќи ги Атланта Хокс со 116:107. Брендон Инграм постигна 30 поени, а Јонас Валанчиунас имаше дабл-дабл учинок за Пеликанс со 16 поени и 14 скока. Кај Хокс најдобар беше Богдан Богдановиќ со 22 поени.
Мемфис Гризлис на домашен терен го победија Чикаго Булс со 104:89, со што ја прекинаа нивната серија од три победи.
Џерен Џексон Џуниор постигна 13 од своите 24 поени во последната четвртина за Мемфис, а Џа Морант заврши со рекордни 34 поени. Никола Вучевиќ ги предводеше Чикаго, кои играа без Демар Дерозан, и постигна 28 поени и забележа рекордни 17 скока.
РЕЗУЛТАТИ
Орландо Меџик – Њујорк Никс 98:102
Бруклин Нетс – Феникс Санс 112:116
Њу Орлеанс Пеликанс – Атланта Хокс 116:107
Мемфис Гризлис – Чикаго Булс 104:89
Денвер Нагетс – Минесота Тимбервулвс 146:112
Лос Анџелес Лејкерс – Оклахома Сити Тандер 130:133
ТАБЕЛИ
ИСТОЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА
АТЛАНТСКА ДИВИЗИЈА
1. Бостон Селтикс 38 16 ,704 —
2. Филаделфија 76ерс 34 18.654 3
3. Бруклин Нетс 32 22 .593 6
4. Њујорк Никс 30 26 .536 9
5. Торонто Репторс 25 30 .455 13 1/2
ЦЕНТРАЛНА ДИВИЗИЈА
1. Милвоки Бакс 37 17 ,685 —
2. Кливленд Кавалирс 34 22 .607 4
3. Чикаго Булс 26 28 .481 11
4. Индијана Пејсерс 25 30 .455 12 1/2
5. Детроит Пистонс 14 41 .255 23 1/2
ЈУГОИСТОЧНА ДИВИЗИЈА
1. Мајами Хит 29 25 ,537 —
2. Атланта Хокс 27 28 .491 2 1/2
3. Вашингтон Визардс 24 29 .453 4 1/2
4. Орландо Меџик 22 33 .400 7 1/2
5. Шарлот Хорнетс 15 40 .273 14 1/2
ЗАПАДНА КОНФЕРЕНЦИЈА
ПАЦИФИЧКА ДИВИЗИЈА
1. Сакраменто Кингс 30 23.566 —
2. Лос Анџелес Клиперс 31 26 .544 1
3. Феникс Санс 30 26 .536 1 1/2
4. Голден Стејт Вориорс 28 26 .519 2 1/2
5. Лос Анџелес Лејкерс 25 30 .455 6
ЈУГОЗАПАДНА ДИВИЗИЈА
1. Мемфис Гризлис 33 21 .611 —
2. Далас Маверикс 29 26 .527 4 1/2
3. Њу Орлеанс Пеликанс 29 27 .518 5
4. Сан Антонио Спарс 14 40 .259 19
5. Хјустон Рокетс 13 41 .241 20
СЕВЕРОЗАПАДНА ДИВИЗИЈА
1. Денвер Нагетс 38 17.691 —
2. Минесота Тимбервулфс 29 28 .509 10
3. Јута Џез 27 28 .491 11
4. Оклахома Сити Тандер 26 28 .481 11 1/2
4. Портланд Трејл Блејзерс 26 28 .481 11 1/2