НБА лига: Мајами поведоа против Бостон во финалето на Истокот

Кошаркарите на Мајами Хит во својата арена ноќта кон средата ги совладаа Бостон Селтикс со 118:107 и поведоа со 1-0 во финалната серија до четири победи во доигрувањето за првак на Источната конференција во НБА лигата.

Џими Батлер ги предводеше победниците со 41 кош, 9 скокови и 5 асистенции. Тајлер Хиро додаде 18, а Гејб Винсент 17 поени за Мајами.

Кај Селтикс најдобар беше Џејсон Тејтум со 29 коша, 8 скокови, 6 асистенции и 4 украдени топки. Џејлен Браун во уфрли 24 поени со 10 скокови.

Вториот натпревар од оваа серија, исто така, се игра во Мајами, а на распоред е ноќта кон петокот во 2,30 часот по средноевропско време/

Ноќта кон четвртокот во 3 часот, пак, започнува финалнмата серија во Западната конференција, а домаќини во првите два дуела во Сан Франциско ќе бидат Голден Стејте Вориорс кои ќе ги пречекаат Далас Маверикс.