НБА лига: Маестралниот Јокиќ со нов „трипл-дабл“ ја затвори годината, Зубац ги предводеше Клиперс до победата

На шест од седумте натпревари одиграни на паркетот во НБА синоќа славеа гостинските екипи, а единствената домашна победа ја остварија Сакраменто Кингс совладувајќи го Далас Маверикс со 110-100.

Де’Арон Фокс ги предводеше Кингс со 33 поени, шест скока и шест асистенции, а Сакраменто ја прекина серијата од шест порази и ја заработи првата победа под привремениот тренер Даг Кристие, кој го замени отпуштениот Мајк Браун. Домантас Сабонис додаде 17 поени, 16 скока и седум асистенции за победниците, а Кралевите успеаја да ја поништат негативата од 18 поени од првата четвртина.

Далас во Сакраменто играше без речиси целата стартна петорка, повредените Лука Дончиќ, Кајри Ирвинг и Дерек Лајвли, болниот Клеј Томпсон и суспендираниот Наџи Маршал. Во таков состав најдобар беше Спенсер Динвиди со 30 поени, а ПиЏеј Вашингтон постигна 28 поени.

ЛА Клиперс ја освоија третата последователна победа и петта во последните шест настапи совладувајќи ги Пеликанс со 116:113 на гостувањето во Њу Орлеанс. Еден од најистакнатите играчи во победата на гостинскиот тим беше хрватскиот центар Ивица Зубац, кој мечот го заврши со уште еден „дабл-дабл“ учинок од 20 поени и 16 скока.

Норман Пауел беше најдобар стрелец кај Клиперс со 35 поени, додека Џејмс Харден постигна 27 поени, од кои четири слободни фрлања на крајот од натпреварот.

СиЏеј МекКолум беше најдобар стрелец со 33 поени за Њу Орлеанс. Деџунте Мареј беше на прагот на „трипл-дабл“ со 13 поени, 10 скока и осум асистенции, а додаде и шест украдени топки. Сепак, Пеликанс не можеа да го избегнат нивниот 10-ти последователен пораз и 19-ти во последните 20 натпревари.

Никола Јокиќ и Расел Вестбрук остварија „трипл-дабл“ учинок, а Џамал ​​Мареј постигна 20 поени и 10 асистенции во победата на Денвер Нагетс, кои победија против Јута Џез со 132:121 во Солт Лејк Сити. Јокиќ го заврши натпреварот со 36 поени, 22 скока и 11 асистенции за 13-ти „трипл-дабл“ сезонава и 143-ти во кариерата.

На листата на играчи со најмногу „трипл-дабл“ учиноци пред Јокиќ се само Оскар Робертсон (181) и неговиот сегашен соиграч Расел Вестбрук (201), кој против Џезерите заврши со 16 поени, 10 скока и 10 асистенции. Мајкл Портер Џуниор. постигна 21 поен, а Кристијан Браун 20.

Џордан Кларксон беше најдобар стрелец кај Џезовите со 24 поени, додека Колин Секстон додаде 22.

Најдобриот тим во НБА, Кливленд Кавалирс победи со 113:95 на гостувањето кај Голден Стејт Вориорс. Тоа е 28-ма победа за Кавалирс во сезона во која доживеаја само четири порази. Дариус Гарланд беше најдобар стрелец на натпреварот со 25 поени, а додаде и осум асистенции. Донован Мичел заврши со 23 поени, реализирајќи пет „тројки“ од вкупно 11 поени.

Одличната одбрана на Кливленд го сведе домашниот тим на 95 поени и само 33 отсто процент шут од поле. Стивен Кари остана на само 11 поени, најмалку оваа сезона, а шутираше 4/14 од поле. Кари во ноември во Кливленд во првиот меч на овие тимови сезонава постигна само поен повеќе. Најдобар стрелец за Вориорс во овој натпревар беше Мозес Муди со 19 поени, додека Џонатан Куминга комбинираше 18 поени и 10 скока во седмиот пораз на тимот од Сан Франциско во последните девет натпревари.

Џоел Ембиид со 37 поени го имаше најдобриот учинок сезонава, а Филаделфија победи со убедливи 125:103 во Портланд. Тоа е четврта последователна победа на Сиксерс во која Тајрис Макси постигна 23 поени, а Гершон Јабуселе ги предводеше играчите од клупата со 16 поени. Кели Оубре Џуниор додаде 15 поени, а се истакна со личен рекорд од осум украдени топки.

Енферни Сајмонс постигна 25 поени за Портланд, а Дени Авдија заврши со 17 поени, но загуби дури десет топки од 26-те што ги имаше целата екипа на Трејл Блејзерс.

Џош Харт го оствари третиот „трипл-дабл“ сезонава со 23 поени, 15 скока и 10 асистенции, а Њујорк Никс победија со 126:106 на гостувањето во Вашингтон. За Никс тоа е осма победа во низа во најдолгата позитивна серија сезонава. Карл-Ентони Таунс постигна 32 поени и имаше 13 скока за победничкиот тим.

Со 22 поени, Јонас Валанчиунас беше најдобар кај Визардс, кои загубија 23 од 26 натпревари по 2-2 во првите четири натпревари од сезоната.

Најнеизвесниот натпревар на вечерта се одигра во Шарлот, каде што гостите Чикаго Булс победија со 115:108, дури во дополнителни пет минути продолжение. Коби Вајт постигна 23 поени за победниците, а имаше и 10 скока и девет асистенции. Булси упатија 60 тројки и погодија само 18.

Мајлс Бриџис беше најдобар стрелец на Хорнетс со 31 поен, а благодарение на неговата тројка на 1,5 секунди до крајот домашните го добија продолжението иако дотогаш имаше шут за три поени 1/10. Сепак, Хорнетс не успеаја да го избегнат осмиот последователен пораз и 16-ти во последните 17 настапи.

Резултати од НБА, 30.12.
Њу Орлеанс Пеликанс – ЛА Клиперс 113:116
Шарлот Хорнетс – Чикаго Булс 108:115 (продолжение)
Вашингтон Визардс – Њујорк Никс 106:126
Јута Џез – Денвер Нагетс 121:132
Голден Стејт Вориорс – Кливленд Кавалирс 95:113
Портланд Трејл Блејзерс – Филаделфија 76ерс 103:125
Сакраменто Кингс – Далас Маверикс 110:100

ТАБЕЛИ

ИСТОЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА
1. Кливленд Кавалирс 28 4 87,5 отсто
2. Бостон Селтикс 23 9 71,9
3. Њујорк Никс 23 10 69,7
4. Орландо Меџик 20 14 58,8
5. Атланта Хокс 18 15 54,5
6. Милвоки Бакс 16 14 53,3
7. Мајами Хит 16 14 53,3
8. Индијана Пејсерс 16 17 48,5
9. Чикаго Булс 15 18 45,5
10. Детроит Пистонс 14 18 43,8
11. Филаделфија 76ерс 13 17 43.3
12. Бруклин Нетс 12 20 37,5
13. Шарлот Хорнетс 7 25 21.9
14. Торонто Репторс 7 25 21.9
15. Вашингтон Визардс 5 25 16.7

ЗАПАДНА КОНФЕРЕНЦИЈА
1. Оклахома Сити Тандер 26 5 83,9 проценти
2. Мемфис Гризлис 22 11 66,7
3. Хјустон Рокетс 21 11 65,6
4. Далас Маверикс 20 13 60.6
5. ЛА Клиперс 19 13 59.4
6. Денвер Нагетс 18 13 58.1
7. Лос Анџелес Лејкерс 18 13 58.1
8. Минесота Тимбервулвс 17 14 54,8
9. Сан Антонио Спарс 16 16 50.0
10. Голден Стејт Вориорс 16 16 50.0
11. Феникс Санс 15 16 48.4
12. Сакраменто Кингс 14 19 42.4
13. Портланд Трејл Блејзерс 11 21 34.4
14. Јута Џез 7 24 22.6
15. Њу Орлеанс Пеликанс 5 28 15.2