Актуелниот прваци во НБА лигата, кошаркарите на Милвоки Бакс со убедливата победа од 119:95 на гостувањето кај Чикаго Булс ја зголемија предноста на 3-1 во серијата до четири победи од првиот круг од доигрувањето и пред своите навивачи веќе по два дена ќе ја имаат шансата да изборат конференциско полуфинале.
Чикаго беше конкурентен само до половината на втората четвртона, иако гостите беа ослабени со неиграњето на Крис Мидлтон. Но неговото отсуство одлучно го искористи Грејсон Ален кој поради тоа доби поголема минутажа и го заврши дуелот со 27 коша со шут од поле 10 од 12 и со 6 погодени „тројки“ од 7 обиди.
Јанис Адетокумбо ги пополни сите статистички податоци со 32 поени, 17 скокови, 7 асистенции и 2 блокади, а својата улога ја одигра и Џру Холидеј со 26 коша и 7 асистенции. Значаен придонес имаше и Боби Портис со 14 поени и 10 скокови.
Бакс од игра имаа високи 52,3 отсто реализирани обиди, а погодија 17 „тројки“ од 33 обиди.
Од другата страна, Булс имаа 39 отсто шут и само 25 проценти успешни рализации за „тројка“. Зак Лавин постигна 24 коша и подели 13 асистенции. Демар Дерозан за 23 поени потроши 20 шута и ги промаши сите пет обида за „тројка“. Патрик Вилијамс врза 20 коша со 10 скокови.
Победникот од соочувањето меѓу Милвоки и Чикаго во конференцискоот полуфинале ќе се сретне со победникот од серијата на Бестон Селтикс и Бруклин Нетс, во која Селтикс водат со 3-0.