Главниот тренер на Филаделфија 76ерс, Ник Нурс и крилниот играч на тимот, Кели Оубре, се казнети со по 50.000 долари за нивното однесување кон судиите по поразот на домашен терен од Лос Анџелес Клиперс со 107:108 пред два дена, соопшти раководството на најсилната кошаркарска лига на светот.
Извршниот потпретседател на НБА, Џо Думарс, објави дека Нурс „агресивно ги ловел“ и вербално ги навредувал судиите, додека Оубре исто така вербално ги навредувал судиите правејќи непристојни гестови.
Нурс и Оубре реагираа жестоко бидејќи не беше досуден флагрантен фаул на Кави Ленард врз Оубре на пет секунди до крајот, по што Оубре ќе имаше две слободни фрлања за водство на неговиот тим. По прегледувањето на видеото од спорната ситуација, судијата Кевин Скот изјави дека „немало доволно контакт за да се досуди фаул“.