НБА Лига: Победа на Вориорс, Кари ја прекина низата од 268 натпревари со погодена „тројка“

Голден Стејт Вориорс дојдоа до победа од 118:114 на гостувањето во Портланд и покрај скромниот настап на нивниот капитен Стивен Кари, кој постигна само седум поени и ги промаши сите осум свои обиди за три поена, со што ја прекина рекордната серија од 268 натпревари со најмалку една „тројка“.

Последниот натпревар во регуларниот дел од сезоната на Кари без „тројка“ беше пред повеќе од пет години, на 8 ноември 2018 година, кога одигра 0 од 4 обиди против Милвоки. Кари е сопственик на втората најдолга серија со најмалку една „тројка“, а тогаш застана на 157 натпревари.

„Не можеме да очекуваме дека Стеф ќе нè извлекува секоја вечер. Тоа беше тешка ноќ за него, но затоа има тим, секој треба да придонесе, да се вклучи ако соиграчот не е расположен“, тренерот на Голден Стејт, изјави Стив Кер.

На овој натпревар тимот го предводеа Клеј Томпсон со 28 поени и Ендрју Вигинс со 25 поени и седум скока.

„Тоа изгледаше како вистинскиот Ендрју. Така го познавам“, рече Кер.

Се истакна и дебитантот на Вориорс, Трејс Џексон-Дејвис, кој постигна 14 поени и забележа осум скока за втора последователна победа на Голден Стејт. Вориорс првпат од почетокот на ноември искомбинираа две победи. Џерами Грант го предводеше Портланд со 30 поени, а Анферни Симонс ги постигна сите свои поени (21) во вториот дел. Домашните имаа напад за продолжение или победа при водство на Вориорс со 116:114, но Шедон Шарп направи лична грешка над Брандин Поџиемски во обид да продре до кошот.

Вориорс и понатаму се со скор 12-14 на 11-то место во Западната конференција и надвор од местата кои водат во плејофот. Портланд (6-19) падна на втората позиција со седмиот последователен пораз.

Зад Трејл Блејзерс се само Сан Антонио Спарс (4-21), кои откако ги совладаа Лејкерс и го соборија негативниот клупски рекорд од 18 последователни порази, претрпеа тежок пораз на домашен терен од Њу Орлеанс Пеликанс (110:146) а Недела, кои с 29 поени и шест „тројки“ од седум обиди го предводеше СиЏеј МекКолум.

Со 22 погодени „тројки“ од 42 обиди, гостите постигнаа нов клупски рекорд и четврта последователна победа. Брендон Инграм постигна 26 поени, Хозе Алварадо додаде 16 поени, а Јонас Валанчиунас комбинираше 15 поени и 16 скока.

Стрелците на Спарс ги предводеше Виктор Вембањама со 17 поени, 13 скока и четири блокади.

Феникс Санс надополни негатива од 16 поени пред своите навивачи и го победи Вашингтон Визардс со 112-108. Девин Букер постигна 11 од своите 27 поени во последната четвртина, во која Санс го надиграа гостинскиот тим со 31-19. Кај победниците најдобар стрелец беше Кевин Дурент со 28 поени.

Кај гостите Даниел Гафорд го одигра најдобриот натпревар во кариерата постигнувајќи 26 поени со 17 скока.

Бостон Селтикс (20-5) ги совладаа Орландо Меџик со 114:97 и го добија својот 14-ти натпревар во исто толку домашни натпревари оваа сезона. Селтикс имаа само еден подобар почеток на сезоната кога се во прашање натпреварите во нивниот „Гарден“ во историјата, а тоа беше во сезоната 1957/1958, кога ги добија првите 18 натпревари пред своите навивачи.

Џејлен Браун со 31 поен, шест асистенции и пет скока и Џејсон Тејтум со 23 поени и осум скока беа најзаслужните за петтата победа во низа на Селтикс. Кристапс Порзингис искомбинираше 15 поени и 10 скока.

Паоло Банкеро со 36 поени и 10 скока беше најдобриот играч на Орландо кои вторпат во три дена беа поразени од Селтикс.

Демијан Лилард го предводеше Милвоки Бакс со 39 поени и 11 скока во победата на домашен терен против Хјустон Рокетс со 128:119. Јанис Адетокумбо постигна 26 поени со 17 скока и постави уште еден клупски рекорд. Грчкиот кошаркар го надмина рекордерот на Бакс, Карим Абдул-Џабар по вкупни скокови и сега ги држи клупските рекорди во кошеви, скокови и асистенции. Притоа, тој им се придружи на Мајкл Џордан (Чикаго Булс), Леброн Џејмс (Кливленд Кавалирс) и Кевин Гарнет (Минесота Тимбервулвс) како единствените играчи кои држат рекорди за тимовите за кои играле во тие три статистички категории.

Крис Мидлтон постигна 20 поени, а Брук Лопез постигна 18 за Бакс, кои ја прекинаа серијата од пет победи на Рокетс.

Фред ВанВлит ги предводеше Рокетс со 22 поени, а Алперен Сенгун постигна 20, заедно со осум скока и пет асистенции.