НБА лига: Победата на Мајами над Хјустон засенета со тепачка на крајот

Во НБА лигата синоќа се одиграа шест натпревари, а вечерта ја одбележа тепачката која изби на крајот од натпреварот меѓу Мајами Хит и Хјустон Рокетс.

Победата на Мајами Хит на гости со 104:100 над Хјустон Рокетс беше засенета од тепачката на крајот од натпреварот. Мајами беше предводен од Тајлер Херо со 27 поени пред да биде исфрлен поради тепачката на клупата во која беа исклучени шест играчи.

Хит водеа со 99:94 кога играчот на Рокетс, Амен Томпсон, му се внесе в лице на Херо и го фрли на теренот на 35,7 секунди до крајот на натпреварот. Во тепачката веднаш се вклучија и други играчи и тренерите, поради што беа исклучени и Тери Розиер (Мајами) и Џејлен Грин (Хјустон), како и тренерот на Рокетс, Име Удока и помошникот Бен Саливан. Фред ВанВлит, челникот на Хјустон, беше исфрлен на 47 секунди до крајот на натпреварот поради инцидент кој не е поврзан со оваа општа тепачка.

Во Орландо, Меџик се вреатија од негатива од 21 поен и ги победија Бруклин Нетс со 102:101 благодарение на решавачкото положување на Кол Ентони, Тристан да Силва постигна 21 поен за Меџик, Гога Битадзе додаде 19 поени, а Ентони постигна пет од своите 10 поени во последната четвртина, додека Орландо го заврши натпреварот со серија од 22 поени, дозволувајќи им на своите противници да постигнат само четири поени во истиот период. Кам Томас, откако пропушти 13 натпревари поради истегнување на тетивата, влезе од клупата и го предводеше Бруклин со 25 поени, но пропушти скок што можеше да биде одлучувачки во последните моменти.

Индијана Пејсерс синоќа ги совладаа Бостон Селтикс со 123:114, а до победата ги предводеше Тајрис Халибартон со 31 поен, додавајќи шест скока и седум асистенции. Паскал Сијакам и Ендрју Нембхард додадоа по 17 поени. Кај Бостон најдобар беше Џејлен Браун со 31 поен и шест асистенции, додека Џејсон Тејтум постигна 22 поени со девет скока и шест асистенции. На табелата на Источната конференција, Бостон е на второто место зад Кливленд, додека Индијана е осма.

Минесота Тимбервулфс на домашен терен ги победија Сан Антонио Спарс со 112:110. Натпреварот беше израмнет на влезеот од последната четвртина откако Спарс се ватија од негатива од 16 поени во третата четвртина. Руди Гобер постигна 17 поени и 15 скока за третата последователна победа на Тимбервулфс. Џулиус Рендл постигна 16 поени, Ентони Едвардс имаше 14 со 6 на 20 шут од поле, Џејден МекДаниелс имаше 12, а Наз Рид 11 за Минесота. Вембањама беше најдобар стрелец за Спарс и натпреварот со 34 удари. Харисон Барнс додаде 24, а Девин Васел 22 поени за Спарс.

Оклахома Сити Тандер убедливо победија со 130:106 против Мемфис Гризлис, зголемувајќи ја победничката серија на 11 натпревари. Шаи Гилџеус-Александер постигна 35 поени за Оклахома Сити, додека Дезмонд Бејн постигна 22 поени за Мемфис.

Атланта Хокс ги совладија Торонто Репторс со 136:107, што е нивен десетти пораз во низа. Треј Јанг собра 34 поени и 10 асистенции за Атланта, која не беше во заостанување во ниту еден момент од натпреварот. Де’Андре Хантер додаде 22 поени, а Џејлен Џонсон имаше 15 поени, шест украдени топки и една блокада. Скоти Барнс постигна 19 поени, осум скока и три украдени топки за Репторс, кои забележаа 31 загубена топка. Реџеј Барет додаде 17 поени, а Џејкоб Поелтл (повреда на препоните) се врати во составот откако пропушти четири натпревари и имаше 13 поени.