![lebron](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/10/lebron.jpg?resize=696%2C361&ssl=1)
Кошаркарите на Јута Џез се поразени ноќта кон петокот на гостувањето кај Вашингтон Визардс со 122:133, додека Феникс Санс со 119:123 дома загубија од Минесота Тимберволфс.
И покрај поразите, Јута со соодносот меѓу победите и поразите 29-11 и Феникс со 26:13 останаа на првото и третото место во Западната конференција на НБА Лигата.
Кошаркарот Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс, пак, се искачи на 20-то место на вечната листа во НБА-лигата според бројот одиграни натпревари. За Џејмс домашниот натпревар со Шарлот Хорнетс, кој Лејкерс го добија со 116:105, беше 1.305-ти во кариерата, со што го престигна Андре Милер. Набрзо 36-годишниот Џејмс ќе може да го надмине Бак Вилијамс кој своевремено стигна до 1.307 НБА натпревари.
РЕЗУЛТАТИ
Вашингтон – Јута 131:122
Феникс – Минесота 119:123
ЛА Лејкерс – Оклахома Сити 116:93
Њујорк – Орландо 94:93
Портланд – Њу Орлеанс 101:93
ТАБЕЛИ
Источна конференција
- Филаделфија 76ерс 28-13 68,3 отсто
- Бруклин Нетс 28-13 68.3
- Милвоки Бакс 26-14 65,0
- Мајами Хитс 22-19 53,7
- Атланта Хоукс 21-20 51.2
- Шарлот Хорнетс 20-20 50,0
- Њујорк Никс 21-21 50.0
- Бостон Селтикс 20-20 50.0
- Чикаго Булс 18-21 46.2
- Индијана Пејсерс 17-22 43,6
- Торонто Репторс 17-23 42.5
- Кливленд Кавалирс 15-25 37,5
- Вашингтон Визардс 15-25 37,5
- Орландо Меџикс 13-27 32,5
- Детроит Пистонс 11-29 27.5
Западна конференција
- Јута Џез 29-11 72,5 отсто
- Лос Анџелес Лејкерс 28-13 68.3
- Феникс Санс 26-13 66,7
- Лос Анџелес Клиперс 26-16 61,9
- Денвер Нагетс 24-16 60,0
- Портланд Трејл Блејзерс 24-16 60.0
- Сан Антонио Спарс 21-16 56,8
- Далас Маверикс 21-18 53,8
- Голден Стејт Вориорс 21-20 51.2
- Мемфис Гризлис 18-19 48,6
- Оклахома Сити Тандерс 17-24 41.5
- Њу Орлеанс Пеликанс 17-24 41,5
- Сакраменто Кингс 16-24 40.0
- Хјустон Рокетс 11-28 28.2
- Минесота Тимбервулфс 10-31 24.4