НБА лига: Порази на Џез и Санс, Леброн одново во историјата

Кошаркарите на Јута Џез се поразени ноќта кон петокот на гостувањето кај Вашингтон Визардс со 122:133, додека Феникс Санс со 119:123 дома загубија од Минесота Тимберволфс.

И покрај поразите, Јута со соодносот меѓу победите и поразите 29-11 и Феникс со 26:13 останаа на првото и третото место во Западната конференција на НБА Лигата.

Кошаркарот Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс, пак, се искачи на 20-то место на вечната листа во НБА-лигата според бројот одиграни натпревари. За Џејмс домашниот натпревар со Шарлот Хорнетс, кој Лејкерс го добија со 116:105, беше 1.305-ти во кариерата, со што го престигна Андре Милер. Набрзо 36-годишниот Џејмс ќе може да го надмине Бак Вилијамс кој своевремено стигна до 1.307 НБА натпревари.

 

РЕЗУЛТАТИ

Вашингтон – Јута 131:122
Феникс – Минесота 119:123
ЛА Лејкерс – Оклахома Сити 116:93
Њујорк – Орландо 94:93
Портланд – Њу Орлеанс 101:93

 

ТАБЕЛИ

Источна конференција

  1. Филаделфија 76ерс 28-13 68,3 отсто
  2. Бруклин Нетс 28-13 68.3
  3. Милвоки Бакс 26-14 65,0
  4. Мајами Хитс 22-19 53,7
  5. Атланта Хоукс 21-20 51.2
  6. Шарлот Хорнетс 20-20 50,0
  7. Њујорк Никс 21-21 50.0
  8. Бостон Селтикс 20-20 50.0
  9. Чикаго Булс 18-21 46.2
  10. Индијана Пејсерс 17-22 43,6
  11. Торонто Репторс 17-23 42.5
  12. Кливленд Кавалирс 15-25 37,5
  13. Вашингтон Визардс 15-25 37,5
  14. Орландо Меџикс 13-27 32,5
  15. Детроит Пистонс 11-29 27.5

 

Западна конференција

  1. Јута Џез 29-11 72,5 отсто
  2. Лос Анџелес Лејкерс 28-13 68.3
  3. Феникс Санс 26-13 66,7
  4. Лос Анџелес Клиперс 26-16 61,9
  5. Денвер Нагетс 24-16 60,0
  6. Портланд Трејл Блејзерс 24-16 60.0
  7. Сан Антонио Спарс 21-16 56,8
  8. Далас Маверикс 21-18 53,8
  9. Голден Стејт Вориорс 21-20 51.2
  10. Мемфис Гризлис 18-19 48,6
  11. Оклахома Сити Тандерс 17-24 41.5
  12. Њу Орлеанс Пеликанс 17-24 41,5
  13. Сакраменто Кингс 16-24 40.0
  14. Хјустон Рокетс 11-28 28.2
  15. Минесота Тимбервулфс 10-31 24.4