НБА лига: Спарс ја прекинаа низата од три пораза

Девин Васел, Стефон Касл и Виктор Вембањама постигнаа по 23 поени додека гостите Сан Антонио Спарс ја прекинаа серијата од три пораза со победата над Лос Анџелес Лејкерс со 126:102. Спарс ги победија Лејкерс првпат во три натпревари оваа сезона, надигрувајќи го Лос Анџелес со 73:40 во вториот дел. Ентони Дејвис имаше 30 поени и 13 скока, а Леброн Џејмс додаде 18 поени и осум асистенции додека Лејкерс го загубија третиот последователен натпревари, сите од тимови од Тексас. Лејкерс загуија во Хјустон и Далас на нивното неодамнешно патување.

Лос Анџелес Клиперс на домашен терен славеше против Мајами Хит со 109:98, а Ивица Зубац имаше 21 поен и 20 скока за 32 минути игра, што е негов најдобар натпревар оваа сезона, израмнувајќи го сезонскиот рекорд од 20 скока и додаде две блокади и една асистенција.

Клиперс на средината од третата четвртина заостануваа со 13 поени разлика, но на крајот извлекоа убедлива победа. Норман Пауел постигна 29, а Џејмс Харден постигна 26 поени и 11 асистенции за Клиперс, кои со оваа победа ја прекинаа серијата од два порази За Мајами, Тајлер Херо постигна 32 поени, 11 скока и седум асистенции.

Кошаркарите на Торонто победија по пресврт над Голден Стејт со 104:101 и ја постигнаа втората победа во последните 18 натпревари. Канаѓаните ги предводеше Скоти Барнс со 23 поени, со осум скока, шест асистенции, две украдени топки и две блокади. Голден Стејт го загубија вториот последователен натпревар, или четврти во последните пет. Најефикасен во тимот беше Стивен Кари со 26 поени, седум скока и седум асистенции, Ендрју Вигинс постигна 20 поени, Кајл Андерсон 13, а Денис Шредер 12 поени.

Минесота го совлада Вашингтон со 120:106, што е седми последователен пораз за тимот од главниот град. Минесота ја предводеше Ентони Едвардс со 41 поен, од кои 20 постигна во последната четвртина, а имаше и седум асистенции, шест скока и три украдени топки.