Дербито на вечерта се одигра во Оклахома Сити, каде водечкиот тим на Западот, домашните Тандер, го совлада водечкиот тим на Истокот, Кливленд Кавалирс со 134:114. Конечниот резултат не дава вистинска слика за играта, бидејќи на крајот од третата четвртина Тандер имаа 42 поени предност (115:73). Клучниот дел од натпреварот беше второто полувреме од првата и почетокот на втората четвртина, кога негативата од 10:12 домашните ја претворија во огромна предност од 40:14 со неверојатна серија од 30:2, и потоа воопшто недозволувајќи им на гостите да се вратат во мечот.
Домашниот тим го предводеше Шаи Гилџеус-Александер, кој и покрај тоа што четвртата четвртина ја преседе на клупата, постигна 40 поени, додека кај Кавс најдобар играч беше Дариус Гарланд со 20 погодоци.
Сега и Тандер и Кавс имаат скор од 34-6 и се убедливо на врвот на нивните конференции, Тандер со седум победи пред Хјустон Рокетс и Кавс со шест победи пред Бостон Селтикс.
Кошаркарите на Лос Анџелес Клиперс ја постигна третата последователна победа во НБА лигата совладувајќи ги Портланд Трејл Блејзерс на гости со убедливи 118:89. Клиперс уште од самиот старт на мечот против слабите Блејзерс зазедоа авторитетна позиција на теренот и постојано го зголемуваа водството во своја полза. Во таква ситуација стрелците на Клиперс ги предводеше Норман Пауел со 23 асистенции, а истиот учинок го имаше и најдобриот стрелец на домашните, клупата Далано Бентон.
Клиперси сега се петти во Западната конференција со скор од 23-17 победи-порази, додека Блејзерс се со 13-27 на 13-то место на Западот.
РЕЗУЛТАТИ
Детроит Пистонс – Индијана Пејсерс 100:111
Вашингтон Визардс – Феникс Санс 123:130
Оклахома Сити Тандер – Кливленд Кавалирс 134:114
Портланд Трејл Блејзерс – ЛА Клиперс 89:118
Сакраменто Кингс – Хјустон Рокетс 132:127
ТАБЕЛИ
Источна конференција
Атлантска дивизија
1. Бостон Селтикс 28 12 ,700 —
2. Њујорк Никс 27 15 .643 2
3. Филаделфија 76ерс 15 24 .385 12 1/2
4. Бруклин Нетс 14 27 .341 14 1/2
5. Торонто Репторс 10 31 .244 18 1/2
Централна дивизија
1. Кливленд Кавалирс 34 6 ,850 —
2. Милвоки Бакс 22 17 .564 11 1/2
3. Индијана Пејсерс 23 19 .548 12
4. Детроит Пистонс 21 20 .512 13 1/2
5. Чикаго Булс 18 23 .439 16 1/2
Југоисточна дивизија
1. Орландо Меџик 23 19 .548 —
2. Атланта Хокс 21 19 .525 1
3. Мајами Хит 20 19 .513 1 1/2
4. Шарлот Хорнетс 9 28 .243 11 1/2
5. Вашингтон Визардс 6 33 .154 15 1/2
Западна конференција
Пацифичка дивизија
1. Лос Анџелес Клиперс 23 17 .575 —
2. Лос Анџелес Лејкерс 21 17 .553 1
3. Сакраменто Кингс 20 20 .500 3
3. Голден Стејт Вориорс 20 20 .500 3
3. Феникс Санс 20 20 .500 3
Југозападна дивизија
1. Хјустон Рокетс 27 12 ,692 —
2. Мемфис Гризлис 26 15 .634 2
3. Далас Маверикс 22 19 .537 6
4. Сан Антонио Спарс 19 20 .487 8
5. Њу Орлеанс Пеликанс 10 32 .238 18 1/2
Северозападна дивизија
1. Оклахома Сити Тандер 34 6 ,850 —
2. Денвер Нагетс 24 16 .600 10
3. Минесота Тимбервулвс 21 19 .525 13
4. Портланд Трејл Блејзерс 13 27 .325 21
5. Јута Џез 10 29 .256 23 1/2