НБА: Милвоки поведе против Мајами

Актуелните НБА шампиони Мајами Хитс со пораз по продолженијата од Мивлоки Бакс од 107:109 го отворија доугрувањето во првото коло на Истичната конференција.

Очекувано, ова беше резултатски тесна и жестока борба и според прикажаното денеска нема да биде изненадување доколку оваа серија оди во максималните седум натпревари.

Мајами подобро влегоа во натпреварот и водеше поголемиот дел од порвото полувреме, но Бакс на полувремето отидоа со три поеан предност (53:50).

Во вториот дел се следеше неизвесен дуел со многу промени на водството, кога дури 14 пати се менуваше тимот кој е во предност. Во последната минуита е влезе без предност со резултат 97:97 Јанис Адентокумпо потоа реализираше две слободни фрлања за домашните, а Џими Батлер со кош во последните поменит за 99:99 го одведе дуелот во продолженијата.

Неизвесно беше и во продолженијата, а победата на Бакс им ја донесе Крис Мидлетон со кошот постигна на 0,5 секунди до предкот. Тоа беше неговиот 27 кош на мечот, додека Адентокумпо додаде 26 коша и 18 скокови. Кај Мајами најефикани беа Горан Драгич со 25 и Данкан Робинсон со 24 коша.

Вториот натпревар на распоредот е на 24-ти мај, повторно во „Фисерв Форум“ во Милвоки.