Во првиот круг од доигрувањето во Источната конференција во НБА лигата кошаркарите на Атланта Хоукс и Бруклин Нетс се на чекор до пласманот во финалето, откако изминатата ноќ дојдоа до водство од 3-1 во сериите до четири победи.
Бостон Селтикс на домашен паркет само во првата четвртина рамноправно се носеа со Бруклун Нетс. Гостите до полувремето дојдоа до предност од 13 поени, а во третата делница поптолно ги скршија домаќините за победата од 141:126, со што дојдоа до водство од 3-1 во победи.
Големиот „триумвират“ го одработи поголемиот дел од работата, Кевин Дјурант постигна 42 коша, Кајри Ирвинг постигна 39 коша, а Џејмс Харден впиша 23 поени со 18 асистенции. Тимот на Селтикс го предводеше Џејсон Тејтам со 40 поени.
Атланта Хоукс до победата над Њујорк Никс од 113:96 стасаа благодарејќи на одличната игра во третата четвртина, кога создадоа предност од 17 поени. Атлната, исто така, води со 3-1 во победите.
Повторно кај Хоукс најдобар беше Треј Јанг со 27 коша, Џон Колинс додаде 22 а Данило Галинаи 21 поен. Кај Никс прв стрелец беше Џулиус Рендл со 23 коша, додека ЕрЏеј Барет додаде 21 а Дерик Роуз 18 поени.
Лос Анџелес Клипер на гости ги добија Далас Маверикс со 106:81, и по двата пораза дома во првиот круг од доигрувањето во Западната конференција го израмнија резултататот во победи 2-2. Клиперс веќе во втората четвртина побегнаа на 18 коша предност, а мечот дефинитвно го затворија во следната делница која во еден момент имаа 28 поени предност.
Тимот од Лос Анџелес го предводеше Каваи Леонард со 29 поени и 10 скокови, а Пол Џорџ додаде 20 коша. Најдобриот играч на Далас, Словенецот Лука Дончич, чиј настап беше проблематичен поради билки во вратот, постигна 19 поен но со лош шут од 9 од 24 обиди, додека Кристапс Порѕингис додаде 18 коша.
Феникс Санс, исто така, израмнија на 2-2 во победите совладувајќи ги на гости Лос Анџелес Лејкерс со 100:92, а се истакнаа Крис Пол со 18 коша и 9 асистенции, и центарот Деандре Ејтон со 14 поени и 17 скокови. Кај Лејкерс единствено расположен беше Леброн Џејсм со 25 поени и 12 скокови.