Редовната сезона во НБА 2022/2023 привлече повеќе од 22 милиони гледачи во арените ширум Соединетите држави и Канада, поставувајќи нов рекорд на посетеност, објави НБА во соопштението во понеделникот.
Според НБА, на натпреварите од регуларниот дел на сезоната кој заврши во неделата присуствувале 22.234.502 луѓе. Претходниот рекорд од 22.124.559 гледачи беше остварен од сезоната 2017/18.
Просечната посетеност првпат го надмина прагот од 18.000 гледачи по натпревар, попрецино 18.077, а пополнетоста на капацитетите на арените достигнала невидено ниво од 97 отсто.
Северноамериканската лига објави дека 791 натпревар бил целосно распродаден, поставувајќи и нов рекорд по 760 натпревари во 2018/19.
Сезоната 2022/2023 продолжува со натпреварите од „плеј-ин“-от од вторник до петок, пред да започне „плеј-оф“-от во сабота.