Љубителите на кошарката имаа можност да уживаат во уште една пресметка на двете големи ѕвезди Стеф Кари и Леброн Џејмс. Ако се земе предвид меѓусебниот дуел, го доби кошаркарот на Кливленд, но тоа ништо не значеше бидејќи на крајот славеше првиот играч на Голден Стејт.
Леброн Џејмс го оствари вториот трипл-дабл во финалната серија постигнувајќи фантастични 40 поени, 14 скока и 11 асистенции, но повторно имаше слаба помош од соиграчите кои заедно реализираа 51 поен. На спротивната страна, Кари заврши со 37 поени, 7 скока и 4 асистенции, но се радуваше на победата која го однесе на само победа до титулата.
Петтиот натпревар од серијата се игра утре вечер во Кливленд, а Голден Стејт ќе ја има првата меч-топка.