![nikola jokic](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/01/nikola-jokic.jpg?resize=696%2C464&ssl=1)
Двете НБА екипи од Лос Анџелес, Лејкерс односно Клиперс впишаа нови порази во синоќешните дуели во најсилната кошаркарска лига на светото.
Лошата серија на Лос Анџелес Лејкерс продолжи и во Сан Антонио каде што домашните Спарс ги совладаа со 101:94. Поразот гостите го доживеаја поради лошата завршница, кога во последните 4,18 минути не постигнаа ниедн поен додека домашните со серија од 8:0 заостанувањето од 93:94 го преворија во победа од 101:94.
Сестраниот Деџонте Мареј ги предводеше Спарс со 18 коша, 9 асистенции и 7 скокови, Келдон Џонс додаде 17 поени, додека Амир Кофеј со 20 и Маркус Морис со 15 коша беа најефикасни кај Клиперс.
Ова беше петтиот проаз на Клиперс во последните седум натпревари по што паднаа на осмото место во Западната конференција со сооднос меѓу победите и поразите од 21-23, додеак Спарс се 12-ти во истата конференција со сооднос 16-27.
Денвер Нагетс, во чиј состав изостануваат многу првотимци поради повреди и болест, одигра фантастично и му одржа лекција на еден од најдобрите тимови на светот ЛА Лејкерс со 133:96.
Најзаслужен за тоа беше српскиот интернационалец, Никола Јокиќ, со уште еден трипл-дабл учинок од 17 поени, 12 скока и 13 асистенции. До двојниот учинок во три статистички категории дојде по само 20 минути поминати на паркетот, со што влезе меѓу десетте најбрзи во историјата на НБА.
Натпревар на кариерата одигра дебитантот Бонс Хајленд кој од клупата оствари 27 поени со 10 скокови, а Грин со 26 и Леброн Џејмс со 25 поени беа најпрецизни кај Лејкерс.
Нагетс се шести на Западот со 22-19, додека Лејкерс со третиот пораз во низа паднаа под 50 отсто, сега се седми во истата конференција со сооднос 21-22.
Актуелните прваци Милвоки Бакс претпрпеа непријатен пораз од 96:103 на домашен пораз од Торонто Рапторс. Одличен во победничкиот тим бепе Паскал Сиекам кој оствари „трипл-дабл“ со 30 коша, и по 10 скокови и аситенции, ОЏеј Аниноби додаде 14 коша, додека за Бакс не беа доволни ниту 30 поени на Јанис Адетокумбо.
Милвоки со 27-18 се моментално четврти во Истичната конференција, додека Торонто во истата конкуренција скокнаа на осмото место со 21-19.
Бруклин Нетс без проблими ги совладаа Њу Орлеанс Пеликанс со 120:105, но домашните навивачи ги загрижи излегувањето од игра на Кевин Дјурант на средината од втората четвртома поради удар во коленото при резултатот 52:27. Во коленото на Дјурант се заби неговиот соиграч Борис Браун кој беше оттурнат од противничкиот играч Херберт Џонс. Најдобриот стрелец во лигата ќе мора да се подвргне на дополнителни испитувања по кои ќе биде познато за каква повреда станува збор.
Џејмс Харден со 27 поени беше најефикаен кај Нетс, а Брендон Инграм со 22 коша кај Пеликанс.
Нетс со оваа победа стасаа до соодносот 27-15 па и натаму се втори на Истокот, но само со меч повеќе и пораз повеќе од Чикаго Булс кои го загубија третиот меч со ред, а четвртиот во последните пет натпревари.
Подобри од Чикаго Булс на својот терен беа Бостон Селтикс со 114:112. Гледачите во Бостон беа сведоци на неизвесна завршница во којашто нивните Селтикс со серија од 10:2 во последните 2,5 милуните зоастанувањето од 104:110 го претворија во победа. Роберт Вилијамс во последната половина минута ги погоди сите четири слободни фрлања и ги доведе во водство Селтикс, но Булс имаа 10 секунди за последниот напад. Но, прво Никола Вучевиќ промаши за „тројка“, а потоа и Демар Дерозен беше непрецизен за „двојка“ по скок во напад. Најдеобар кај Селтикс беше Џејсон Тејтум со 23 поени и 12 скокови, додека кај Булс Вичевиќ со 27 и Дерозан со 23 поени.
Селтикс со оваа победа стасаа до 50-процентен соодност 22-22, и се на 11-то место во Источната конференција.
Уште една брилијантен натпревар одигра Џоел Ембид кој со 32 коша и 12 скокови беше најзаслужен за гостинската победа од 109:98 на Филаделфија 76ерс против Мајами Хитс кај кои најдобар беше Омер ЈКурстевен со 22 поени и 11 скокови.
Сиксерс сега се петти на Истокот со сооднос 25-17, а Хитс се трети со 27-16.
РЕЗУЛТАТИ
Милвоки Бакс – Торонто Репторс 96:103
Вашингтон Визардс – Портланд Трејл Блејзерс 110:115
Атланта Хокс – Њујорк Никс 108:117
Бруклин Нетс – Њу Орлеанс Пеликанс 120:105
Мајами Хит – Филаделфија 76ерс 98:109
Оклахома Сити Тандер – Кливленд Кавалирс 102:107
Бостон Селтикс – Чикаго Булс 114:112
Сан Антонио Спарс – ЛА Клиперс 101:94
Џенвер Нагетс – ЛА Лејкерс 133:96
Далас Маверикс – Орландо Меџикс 108:92
ТАБЕЛИ
ИСТОЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА
АТЛАНТСКА ДИВИЗИЈА
1. Бруклин Нетс 27 15 .643 –
2. Филаделфија 76ерс 25 17 .595 2
3. Торонто Репторс 21 19 .525 5
4. Њујорк Никс 22 21 .512 5 1/2
5. Бостон Селтикс 22 22 .500 6
ЦЕНТРАЛНА ДИВИЗИЈА
1. Чикаго Булс 27 14 ,659 –
2. Милвоки Бакс 27 18 .600 2
3. Кливленд Кавалирс 26 18 .591 2 1/2
4. Индијана Пејсерс 15 28 .349 13
5. Детроит Пистонс 10 31 .244 17
ЈУГОИСТОЧНА ДИВИЗИЈА
1. Мајами Хитс 27 16 ,628 –
2. Шарлот Хорнетс 23 20 .535 4
3. Вашингтон Визардс 22 21 .512 5
4. Атланта Хокс 17 25 .405 9 1/2
5. Орландо Меџикс 8 36 .182 19 1/2
ЗАПАДНА КОНФЕРЕНЦИЈА
ПАЦИФИЧКА ДИВИЗИЈА
1. Феникс Санс 32 9 .780 –
2. Голден Стејт Вориорс 31 11 .738 1 1/2
3. Лос Анџелес Лејкерс 21 22 .488 12
4. Лос Анџелес Клиперс 21 23 .477 12 1/2
5. Сакраменто Кингс 18 27 .400 16
ЈУГОЗАПАДНА ДИВИЗИЈА
1. Мемфис Гризлис 30 15 .667 –
2. Далас Маверикс 24 19 .558 5
3. Сан Антонио Спарс 16 27 .372 13
3. Њу Орлеанс Пеликанс 16 27 .372 13
5. Хјустон Рокетс 12 32 .273 17 1/2
СЕВЕРОЗАПАДНА ДИВИЗИЈА
1. Јута Џез 28 14 .667 –
2. Денвер Нагетс 22 19 .537 5 1/2
3. Минесота Тимбервулфс 20 22 ,476 8
4. Портланд Трејл Блејзерс 17 25 .405 11
5. Оклахома Сити Тандерс 14 28 .333 14