Тимот на Оклахома Тандер стигна до голема победа против Хјустон Рокетс од 104:100 со која го изедначи резултатот во плеј-оф серијата на Западната конференција на 3:3.
Оклахома во натпреварот да се биде или не имаше негатива од два коша на една минута до крајот (100:98), меѓутоа тогаш на сцена стапија Денис Шродер, Крис Пл и Данило Галинари кои со серија од 6:0 му донесоа голема победа на својот тим.
Крис Пол натпреварот го заврши со 28 поени и седум скокови, додека Галинари уфрли два поени помалку.
Кошаркарите на Мајами Хит и Милвоки Бакс пак го одиграа првиот полуфинален натпревар на Источната конференција.
На победа се радуваше клубот од Флорида кој славеше со 115:104. Предводник кај Мајами беше Џими Батлер кој одигра спектакуларен натпревар со личен плеј-оф рекрод уфрлајќи 40 поени.
Горан Драгиќ одигра одличен натпревар со 27 поени, а солиден беше и Адебајо кој имаше 12 поени и 17 скокови.
Кај Милвоки, Крис Мидлтон беше најефикасен со 28 поени, додека Брук Лопез додаде 24 поени.